Што значи да се сакаш себеси?

Љубовта кон себе може да биде малку збунувачка, затоа што не сме сигурни што е тоа СЕБЕ. Мислиме дека тоа е она што го гледаме во огледалото и како се претставуваме на светот, дека тоа е како другите ја перцепираат нашата личност. Многу е полесно да ги сакаме другите, затоа што во таа љубов кон формата го бараме тој божествен дел во нас. 

Да се сакаме себеси значи да бидеме свесни дека во нас постое еден чудесен свет и дека патувањето низ тој свет е една магична приказна и сите чувства кои ги добиваме и даваме. За човек да може да се сака себеси, потребни му се страст и енергија. Љубовта е движење, постојана размена на енергија. Страста е во остварување на копнежот во нас, трагањето по што е можно повеќе љубов. Ако не ни се тресат колената од самата помисла на љубов време е да ја менуваме стратегијата. 

Љубовта е насекаде, но можеме да бидеме свесни за неа само во себе, како што Сонцето е свесно за себе. Но, сите предмети кои тоа ги осветлува ја чувствуваат таа светлина на себе.