Што значи да се биде жена?

Овој текст е за сите наши жени, борци, сонувачки, создавачки.  

Photo by Jonathan Borba on Unsplash

Тие се оние кои со својата љубов, нежност и посветеност ги охрабруваат другите, го менуваат светот и веруваат во подобар светот, истовремено борејќи се за тоа.

Не е лесно да се биде жена на Балканот. Со сите стереотипи и традиции, често се лепат етикети кои една жена не ги заслужува. Но, истото не го правиме за мажите. Голем дел од жените на ова поднебје со векови преземале повеќе одговорности отколку што можат да издржат, носеле болка, биле потчинувани.  Овој текст е за нашите мајки, сестри, сопруги, партнерки. Постојат легенди и приказни, но сите ја знаеме сопствената реалност и знаеме колку многу поднесуваат жените во нашето општество. 

Колку од нив се етикетирани, напаѓани во секцијата за коментари, колку од нив се невидливи во бројките. 

Без оглед на сите ограничувања, голем дел од нив никогаш не се предале. Тие се силни, полни со љубов за своите драги, но и сите околу себе. Но, тие се жени кои се некогаш преморени. Со себе го носат притисокот од многуте обврски кои чекаат на нив. Како да немаат право на одмор, некогаш. Како да не смеат да здивнат бидејќи светот не им го дозволува тоа. 

Да се биде жена значи да се биде сè во исто време. Тоа значи постојано да се исполнуваат нечии очекувања, да се прикриваат недостатоците, да се плаче во тишина, тоа значи постојана борба да се биде совршен. Но, никој не е совршен на овој свет. Никој не може да биде.

Можеби е време општеството да престане да очекува од жените да бидат совршени.