Што значи да се биде добар пријател?

Да се има најдобар пријател е едно од најубавите нешта на светот. Тоа е личност на која можеме да се потпреме, да и веруваме и со која се смееме. Тие се оние кои се тука кога ни се највеќе потребни. Дури и среде ноќ или да се на крај на светот, тие се секогаш тука за нас.

Најдобриот пријател е нашето сонце во облачни денови. Изгледа како да имаат некоја своја магија за да ги направат нашите денови поубави. Тие се оние кои се тука за нас и во радост и тага, и во сите добри и лоши денови. Љубовта меѓу вас и вашиот најдобар пријател е искрена, реална и чиста.

Со нив делиме исти вредности, се смееме на истите шеги, се шегуваме за нивниот избор на партнери и ги потсетуваме дека сме тука за нив, секој ден. Секој дел од денот. Тие го знаат тоа.

Многу луѓе доаѓаат во нашиот живот од различни причини. Можеме да се скараме со нив, можеме да се налутиме и тие ќе си заминат. Но, најдобрите пријатели остануваат засекогаш. Без оглед на тоа што се случува меѓу нас, ние знаеме дека тие се нашите најдобри пријатели. Не мораме да се слушаме секој ден, а ја чувствуваме поврзаноста. И, не мораме да се гледаме секој ден за да знаат што се случува во нашиот живот.

Тие биле еднаш тука за нас и секогаш ќе бидат тука, во нашиот живот.