Што значи да ја сакаш девојката којашто секогаш е сама?

Девојката којашто се смета себеси за хронично сама не е слаба или осамена. Таа едноставно е уморена од тоа да го изложува своето срце и да сфати дека никој не сака да го прифати. Можеби нејзиното срце било скршено премногу пати, можеби сака да биде сама, но таа дефинитивно не се сожалува самата себе.

Девојката којашто секогаш е сама си го сака својот простор. Таа мрази кога ја гушат и наоѓа мир кога е самата со себе. Таа не е осамена. Таа само сака да биде сама. Дај и простор. Биди трпелив.

Девојката којшто секогаш е сама знае што заслужува. Таа нема да влезе во врска само за да биде во врска. Таа знае дека не треба да се задоволува со нешто што не ја прави среќна. Таа знае дека за да почне нешто со некого, тој некој треба да биде посебен. И ако ве одбрала вас, вие сигурно сте посебен. Затоа покажете и дека нема да ја разочарате. Покажете и дека ја направила правилната одлука со тоа што ве избрала вас. Покажете и дека вредите.

Девојката којашто секогаш е сама е силна. Таа сака да ги прави работите кога сака и како што ги сака. Таа никогаш не бара сожалување, ниту пак услуги од никого. Таа се гордее со тоа што има сила и што не и треба маж за да ја спаси. Но, кога ќе влезете во нејзиниот живот, не и ја одземајте независноста. Не и го одземајте духот. Дозволете и да ги прави работите на свој начин. Не и ја омаловажувајте силата.

Девојката којашто секогаш е сама е среќна. Таа знае дека е силна и знае која е. Таа се гордее со себеси. Дајте и причина да биде уште погорда. Дајте и причина да се сака себеси уште повеќе. Покажете и дека не само што ќе ја сакате, туку и ќе ја цените поради тоа што е. И покажете и дека не би сакале тоа да е поинаку.

Да се сака девојката којашто секогаш е сама значи да се отвори дел од нејзиното срце коешто таа не ни знаела дека постоел.

Таа е толку навикната да биде сама. Таа е навикната се да прави сама. Со тоа што ќе ја сакате, ќе отворите врата за која таа никогаш не ни помислувала дека сака да се отвори. Вие ќе и покажете дека таа истовремено може да биде и заљубена и независна. Вие ќе и покажете дека таа е способна за вистинска љубов. Вие ќе и помогнете да открие сосема нов дел од себеси. Вие ќе го отворите нејзиното срце за нови височини и нови погледи.

Да се сака девојката којашто секогаш е сама значи да и покажете дека иако е силна и дека може сама, дека сепак заслужува вистинска љубов и дека таа љубов ќе ја направи уште посилна.