Што значат лајковите на Фејсбук?

Колку лајкови имаат вашите постови? Многу, малку? Дали сте се запрашале зошто? Направивме кратка анализа и дојдовме до некои интересни и помалку смешни податоци.

0 лајкови – немаш пријатели

1 лајк – некој многу ги сака твоите постови

2 лајкови – твојата мајка и уште некој

2-5 лајкови -  се обидуваш да изгледаш паметен со шерување вести и коментари „Ова го има само кај нас“

5-10 лајкови – селфи

10-15 лајкови – селфи со убава позадина

15-20 лајкови – селфи во маица

20-25 лајкови  - поставуваш смешен статус

25-50 лајкови – поставуваш политички потковано мислење

50-75 лајкови  - зборуваш за некултурата во твојот град или држава

100-200 лајкови – имаш ново куче

200-300 лајкови – некој умрел

300-350 лајкови – верен/а си

350-400 лајкови – раскин на врската со охрабрувачки коментари

Над 500 лајкови – полуголи фотографии