Што забрани ЈСП да се внесува во автобусите?

ЈСП и приватните превозници велат дека Градот Скопје има правила за тоа што смеат, а што не смеат да внесуваат патниците во автобус и тие правила мораат да бидат почитувани.

Често се случува автобусите да бидат преполни со патници кои со себе носат тобри на тркала за пазарење или торби во кои се превезува се` и сешто. Со ваквиот начин се попречува нормалното циркулирање на останатите патници и притоа се создаваат големи гужви.

На официјалната страница на ЈСП Скопје е истакнат кодекс за однесување на патниците. Според него, во возилата не е дозволено внесување:

– личен багаж чии димензии се поголеми од 100x60x25 или потешки од 30кг.
– оружје, високо запаливи, експлозивни, отровни и други опасни материи
– предмети кои можат да го загрозат животот, здравјето на патниците и возачкиот персонал
– внесување на велосипед, влез со ролери, лизгалки.

На патниците вооедно им е забрането и:

– попречување на одговорното лице во вршење на својата работа
– задржување во возилото на начин кој попречува при наплата на карти и влез и излез
– оневозможување отварање и затварање на вратите, како и насилно нивно отварање
– влегување и излегување од возилото додека е во движење
– фрлање на отпадоци
– оштетување на возилото
– пушење во возилото
– конзумирање на храна и пијалоци.