Што вели Ал Пачино за стареењето и лекциите кои ги научил во староста?

Легендарниот глумец Ал Пачино, пред неколку месеци, во април, наполни 80 години. Во овие години, познатиот актер го променил своето мислење околу стареењето, но и однесувањето. Клучно му е да не троши нерви на луѓе кои не му се симпатични, а од друга страна максимално да се посвети на своите сакани. 

Со годините, се променил и неговиот став кон жените:

„Не сакам да бидам автомобил во кој жените влегуваат и излегуваат. Ми треба сопатник со кого ќе одам до самиот крај.“ 

Вели дека староста му донела способност да стане бескомпромисен и нетолерантен кога се во прашање бесмислените испади на другите луѓе. Пачино има своја фраза која ја користи за луѓето полесно да разберат што сака да каже:

„Имам свое мислење и ставови, кои не сакам да ги отфрлам. Имам и принципи кои ги следам. Не им се смешкам на луѓето ако не ми е дојдено до тоа. Не комуницирам со оние кои не ме интересираат.“

Можеби делува остро, но глумецот одлучил да ја искористи својата слобода самиот да избира како ќе живее. Вели дека му е жал само за една работа:

„Штета е што дури во овие години сфаќаме дека мораме и можеме да ги исфрлиме од животот сите оние кои луѓе кои не ни се потребни во близина, кои нѐ нервираат и ни нанесуваат штета.“

Ал Пачино дава уште неколку совети:

  • Не објаснувај ништо на никому. Секако секој ќе го разбере она што на нив им одговара.

  • Мораме да бидеме флексибилни, да бараме компромис, да се обидеме да го разбереме другиот и да се навикнеме на реалноста.

  • Некогаш едноставно мора да повлечеш линија и да престанеш да се трудиш да им бидеш добар на сите. 

Еден новинар го запрашал што е тоа старост и како се чувствува сега кога наполнил 80 години, а тој одговорил:

„Што е тоа старост?“