Што треба секоја жена да направи за себе?

Ова се неколку работи кои треба да ги ставите на листата на приоритети и да ги правите по ред, доколку сакате да бидете во хармонија самите со себе и со околината. Овој список е многу подолг. Ако ова прашање си го поставиме самите на себе, без размислување ќе кажеме работи како: масажа, козметичар, фризер, итн. Но, ако размислите малку подлабоко, има многу подобри работи кои ги изоставуваме во секојдневното брзање и цело време ги одложуваме за „подоцна“. За подобро да функционираме во секојдневниот живот, во врските и односите со другите, време е да ги ставиме на листата на приоритети. 

Време за пријатели

Редовните дружби со пријателките се нешто што е многу важно да биде на врвот од листата на приоритети. Ако треба секој месец определувајте си датуми во календарот, планирајте однапред, затоа што ако не се грижите, пријателските врски исчезнуваат и ја губиме блискоста. Изгубеното време е тешко да се надомести, а најважните работи се случуваат со пријателите со кои цел живот сме заедно. Не мора тоа да биде којзнае каков настан, може и да е обично кафе во маалскиот кафич.

Редовни прегледи 

Не смеете да го запоставите своето здравје. Сите сме многу зафатени и освен ако немаме болка, забораваме да одиме на редовни прегледи. Ова е нешто кое мора да ви биде приоритет!

Време само за себе

Времето само за себе значи различни работи за различни луѓе и нема некој рецепт кој важи за сите, но вие секако најдобро си знаете што е она што е само за вас и ви прави да ви е убаво на душата. Пронајдете го она што ве прави вас среќни и што е само ваше и посвете внимание. 

Разговарајте со луѓето

Ако размислите убаво, секој од нас, дури и на работа, секој ден поминува голем дел од луѓето опкружен со луѓе кои иако можеби не ги знаеме премногу добро, сепак имаме „добар муабет“ со нив. Ако разговарате со луѓето можете да откриете дека сме поврзани повеќе отколку што сме очекувале. И кога ќе смениме работно место, најчесто ни недостасуваат токму луѓето со кои сме поминале време.

Време без телефон и социјални мрежи

Мислиме дека сме поповрзани со паметните телефони и социјалните мрежи и донекаде е точно, но тие исто така прават да губиме фокус на луѓето со кои седиме на маса. Дополнително прават да се споредуваме со другите. Многу е важно да одвоите време да бидете без телефон и социјални мрежи и да уживате во моментот.