Што треба да знаеме за лековите против ковид-19: Предности и ограничувања

Неколку компании, меѓу кои и Мерк и Фајзер, понудија орални лекови за третман на ковид-19, додека пак Астра Зенека веќе има коктел од антитела за оние кои се во почетна фаза на болеста. 

Но, како и за сите лекови, така и за овие има прилично многу ограничувања. Моноклонските антитела се примаа птеку инфузија, но секако, таблетите и капсулите се полесен начин за пациентите. Според она што досега се знае, лековите се земаат најмногу пет дена, според дози пропишани од лекарите. 

Но, не смее да се заборави дека секој лек има нуспојави, за кои допрва ќе имаме нови сознанија, а ќе има и дел од популацијата кој не смее да биде третиран на овој начин.

Сепак, лекарите низ светот се оптимисти дека со вакцинација и со помош на лекови, пандемијата конечно ќе биде ставена под контрола и дека тешките клинички слики ќе бидат минато.