Што треба да направите за да патувате со миленикот надвор од Македонија

Летото пристигна, а со тоа и годишните летни одмори се приближуваат. Доколку не сакате миленикот да го оставите сам дома, слободно можете да го почестите со една прошетка покрај море. Но за да го направите ова, мора да направите неколку работи пред самото патување. 

Пасош на миленикот 

За да ја помине границата, миленикот мора да има свој пасош. Од 26.07.2012 година е издаден Указ за прогласување на Законот за идентификација и регистрација на животните. 

Чип 

Чипот не е морален само за патување, туку е добредојден за секое домашно животнo. Тој се поставува на левата страна од вратот со што животното добива свој единствен број. 

Вакцина против беснило 

Според Законот секое животно постаро од 4 месеци треба да има примано вакцина против беснило. Од 10.12.2012 година, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство донесе Правилник за начин и постапка за пријавување на беснило кај домашни и диви животни и мерки кои треба да се преземат за лекување од истото. 

Прочистување од внатрешни паразити 

Потребно е да се изврши процесот на чистење на миленикот од паразити 2 дена пред да се напуштат границите на државата. 

Заштита од надворешни паразити 

Заштитита од надворешни паразити подразбира соодветна ампула или каифче на врат. 

Редовна вакцинација 

Ова подразбира вакцинација против заразни болести која се врши еднаш годишно кај возрасни единки, а кај малите започнува од 8 недела. 

Потврда од ветеринар 

Пред патување потребно е да добиете потврда од ветеринар за доброто здравје на миленикот. 

Сертификат 

Од Ветеринарниот Инспекторат потребно е да извадите сертификат за поминување на границите на државата. 

Подгответе го миленикот и заедно поминете си незаборавен одмор на плажа.