Што треба да направите кога некој упорно ве нервира?

Кога нешто ни пречи во односот со некоја личност, најчесто мислиме дека проблемот е во другата личност. Но, за да ја поправиме незгодната ситуација, потребно е да почнеме од себе.

Сѐ она што ни пречи и нѐ боли е дел од нас. Тоа е и причината за нашите чувства. Не може да нѐ повреди нешто што го немаме. Почетокот на разрешување на проблемот е кога ќе си го поставиме прашањето: „Што е она што е присутно во мене, а оваа личност ми го покажува низ нашиот однос?“

Медитирајте, погледнете во себе и ќе видите дека се работи за некое погрешно уверување кое ви создава емоционална болка. Нешто што предизвикува чувство на помала вредност, отфрленост, недоволност, немоќ и слично. Кога ќе се освестите и ќе сфатите за што се работи, ослободете се од тоа.

Се работи за погрешни ставови, уверувања, мисли. Тие стари и негативни мисли заменете ги со нови, позитивни мисли. Кога ќе се прифатите себеси и покрај сѐ, тогаш нема да ви пречи таа личност која има поинаков светоглед. Ќе ја разберете и ќе сочувствувате. Точно ќе знаете на која позиција се наоѓа таа личност, позицијата во која сте биле и вие пред да се освестите од заблудите.

Кога луѓето ќе ги гледате со божествени очи, безусловно, без потреба да ве прифатат, да се сложуваат со вас или да очекувате нешто од нив, тогаш и вашиот однос ќе се промени. Соговорникот ќе ве слушне, ќе ја почувствува вашата енергија и вашата намера.  

Целиот однос ќе се издигне на едно друго ниво и ќе биде полн со почит и разбирање. На тој начин природно и ненаметливо ќе влијаеете на другите кои ќе почнат самите да се отвораат кон вас. Ќе почнат да ве прашуваат за совет и мислење. Работите секогаш се обратне од она на кое сме навикнати.