Што се случува во вашето тело кога ќе претерате со кофеин?

Дали сте знаеле дека постои состојба наречена кофеински мамурлук, која се појавува кога ќе испиете повеќе кафе од вообичаената доза на која сте навикнати?

Иако воопшто не се споредува со мамурлукот кој се појавува после консумирање алкохол, тоа не значи дека треба да се занемари влијанието кое кафето и другите кофеински пијалаци можат да ги имаат врз вас. 

Понекогаш, кога не можете да си објасните од каде ви е главоболката и зошто имате вознемирен стомак, размислете дали тој ден можеби сте претерале со количината на кофеин. Него го има и во чај, во енергетски пијалаци, па дури и во некои лекови. 

Премногу кофеин, може да ги предизвика овие симптоми:

Имате пулсирачка главоболка

Ако секојдневно ви се случува барем накратко да чувствувате пулсирачка болка, особено во челото и слепоочниците, тоа е знак дека треба да намалите со дневниот внес на кофеин.

Не можете да спиете

Како што стареете, телото ја губи способноста брзо да го процесира кофеинот. Затоа немојте да се чудите ако минатата година кафето не ви пречело во спиењето, но во последно време се случува токму тоа. 

Ве боли стомакот

Кафето и кофеинот создаваат кисела средина во вашиот организам, па желудникот може да реагира со создавање вишок киселини. Тоа може да доведе до постојана болка во стомакот, но и до рефлукс и други проблеми со варењето.

Имате необјаснива анксиозност

По претерување со кофеин, телото може да ви стане чувствително, исто како и нервниот систем, што резултира со епизода на анксиозност. Обидете се во следните денови да го намалите внесот на кофеин. 

Имате потреба од често одење во тоалет

Зачестено уринирање, дијареја, па дури и запек, иако не сте јаделе нешто што може да ги предизвика. Одговорот побарајте го во тоа колку кафе и други кофеински производи сте внесле денеска во вашиот организам.