Што се случува со вашето тело по поместувањето на часовникот еден час нанапред?

Поместувањето на часовникот заради летното сметање на времето може да ве доведе до сериозни промени, а обично првите знаци кои ќе ги забележите се ненаспаност и замор.

Плус, ова се уште неколку проблеми кои ќе ги забележите во наредниот период:

1. Студенило

Кога телото не ви е наспано и одморено, тоа природно се подготвува за одмор, што значи се лади. Ако забележите дека вилицата ви се тресе од студенило, а во просторијата е топло, веројатно само ви недостасува сон.

2. Слаба концентрација

Податоците покажуваат дека бројот на несреќи се зголемуваат во овој период, затоа секогаш добро разбудете се и сконцентрирајте се пред да седнете зад воланот.

3. Лошо ментално здравје

Недостатокот на сон често се поврзува и со депресија. Истражувањата покажуваат дека оваа временска промена може да го промени и биолошкиот часовник кој само ја влошува состојбата.

Како да го подобрите здравјето по менувањето на часовникот?

- Не надокнадувајте. Без оглед на тоа што можеби не ви се станува од кревет, пробајте да станувате во исто време како и пред поместувањето на часовникот. Само така ќе го задржите ритамот.

- Движете се. Свежиот воздух и природната светлина се природен начин да се разбудите. Од корист ви се и само 10 минути дневна прошетка.

- Нема поента да легнувате порано ако не ви се спие. Ако одите во кревет и покрај тоа што не ви се спие само ќе бидете понервозни. Наместо тоа, останете будни и зафатени уште неколку часа, додека не ви се приспие.

- Намалете со кофеинот. Стручњаците советуваат дека последното кафе треба да го испиете најмалку 6 часа пред спиење, затоа што во спротивно може да ви го поремети сонот.