Што се случува со нашето тело кога пиеме зелен чај?

Зелениот чај е особено познат и популарен поради мноштвото бенефити кои ги нуди за нашето здравје.

Првиот зелен чај е испратен од Индија во Јапонија во 17-тиот век. Денеска, се произведуваат околу 2.5 милиони тони чај, а 20% од нив се зелен чај. Многумината сметаат дека мачата е најздравиот зелен чај на светот. Тоа е поради тоа што ливчињата на зелениот чај се мелат во прав и потоа се конзумираат во топла вода. Тоа овозможува да се конзумира целиот лист, а не само остатоци од него. 

Како и да го конзумирате, зелениот чај е еден од најдобрите чаеви на светот. Но, што се случува во нашето тело кога пиеме зелен чај?

Моќни антиоксиданси

Голем број од здравствените бенефити на овој чај доаѓаат од антиоксидансите, кои придонесуваат за подобро здравје на срцето, намалување на ризикот од дијабетес и спречување на воспаленијата во нашето тело. 

Намалена телесна тежина

Во последните години, зелениот чај често се споменува кога се зборува за намалувањето на вишокот килограми. Тој придонесува за подобрување на метаболизмот, на тој начин помагајќи ги напорите за помалку килограми. Докажано е дека антиоксидантите и кофеинот во зелениот чај придонесуваат за тоа да се избегне гојазноста.

Чувар на нашето срце

Истражувањата покажуваат дека овој чај е особено добар за намалување на лошиот холестерол, а зголемување на нивоата на добар холестерол што значи и подобро здравје на нашето срце. Други истражувања пак, посочуваат дека тој ги чува нашите артерии и го намалува ризикот од смрт поврзана со срцеви заболувања.

Силен имунолошки систем

Уште еден бенефит од зелениот чај е силниот имунолошки систем. 

Подобро здравје на мозокот

Поради Л теанинот кој го содржи во себе, зелениот чај е одличен за подобрување на функциите на мозокот. Освен тоа, придонесува и за намалување на анксиозноста и успорување на стареењето на нашиот мозок.

Спречува одредени видови рак

Одредени истражувања покажуваат поврзаност меѓу редовното конзумирање зелен чај и намалениот ризик од рак. Според нив, жените кои пијат зелен чај секојдневно се соочуваат со намален ризик за заболување на рак од дојка за 20-30 %.