Што се случува пред матичар: Брак што ќе се памети во Скопје - младоженец на 78 и 72-годишна невеста се венчале во Скопје

Старосната граница за стапување во брак од неодамна е поместена, па се повеќе млади се одлучуваат на таков чекор по триесетата година.

Според статстиката на матичното одделение, скопјани се подоцна стапуваат во брак и во речиси 70 отсто од браковите младенците се постари од 33 години.

Од матичната скопска служба велат дека денес брак меѓу дваесетгодишници е реткост, а намалена е и бројката на малолетничките бракови.

– Ми остави впечаток еден брак од неодамна, меѓу дедо од 78 години и баба од 72 години, кои се запознале во пензионерски дом, вели матичарка.

Според матичарарите често се случува невестата да биде постара од младоженецот. Покрај тоа тој вели дека пред него не ретко се случуваат и невообичаени моменти.

На денот на венчавка неодамна се случило младоженец да каже трипати „НЕ” пред да се потпише во книгата на вечаните.

Откако сите биле шокирани од ваквиот неочекуван одговор, младоженецот слатко се изнасмеал бидејќи сите му поверувале на шегата. Невестата била шокирана.