Што се случува кога ќе ги повредите Овните?

Овните се многу интензивни личности. Тие се родени во периодот меѓу 21 март и 21 април, а претставуваат огнен знак кој ја сака акцијата и секогаш оди кон тоа што го сака.

Кога тие се повредени, веднаш ќе го знаете тоа поради нивните директни и импулсивни постапки. Огнениот елемент ги прави да бидат многу страствени, но и дрски кога се лути. 

Со нив управува Марс кој е грчкиот бог на војната, а тоа ги прави да бидат бестрашни, па некогаш и агресивни. Овие карактеристики се особено моќни кога Овните сакаат да постигнат нешто во животот, но кога станува збор за конфликтите, подобро е да бегате од нив, ако сте ги повредиле на некаков начин. Во тој случај, нема да ги избираат зборовите и ќе стојат цврсто позади своите зборови постапки. 

Ако ги навредите, тие го сметаат тоа многу лично. Нивните чувства се повредени, но нивните реакции ќе бидат огнени. Тие се целосно различни од Вагите кои се управувани од Венера и кои често избегнуваат конфликти. Во ситуација на конфликт, нема да пробуваат да избегнат да се расправаат со вас, туку ќе ги стават сите карти на маса. Кога тие се повредени, нема да морате да читате меѓу редови, туку едноставно ќе го знаете тоа. Ако сакаат да ви кажат нешто, нема да се мислат два пати што ќе ви кажат и како ќе го кажат тоа. Ќе бидат многу тврдоглави и никако нема да можете да ги убедите во ништо, па ќе им биде потребно да сфатат дека можеби претерале во некои реакции.

Често во комуникацијата со другите, знаат да бидат ненамерно злобни. Тоа е поради нивната импулсивност, која некогаш прави да не комуницираат на најдипломатски начин. Особено кога се повредени, нема воопшто да размислуваат што ќе кажат и ќе ви споделат сè што ќе им падне на ум. 

Но, треба да знаете дека тоа е само краткотрајно. Тие не држат бес и нема да паметат долго што се случило. Штом дискутираат за целата ситуација, тие брзо забораваат и продолжуваат со својот живот. Штом завршат едно поглавје, веќе не се навраќаат на тоа.