Што се случи во детската градски „Мајски цвет“ во Карпош?

Трагедија за влакно избегната во градинка во скопски Карпош. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од детската градинка „Мајски цвет“ каде, според фотографиите, може да се види дека паднал дел од плафонската конструкција. 

-Да беше градинката полна со деца ќе не имаше повторно по сите медиуми во регионот со уште една трагедија.Само нешто повеќе од година дена измина откако целокупниот врв на СДСМ неколкупати беше таму за сликање, премиери, министри, градоначалник... Милиони потрошени, за денес за влакно да се избегне трагедија, поради лоша изведба и евтини материјали скапо преплатени, пишува Тони Јаревски во објава на својот фб профил. 

-За среќа нема повредени! Дали сега некој ќе одговара кривично според членот 288 и 292 од кривичниот законик? Предизвикување општа опасност и тешки дела против општата сигурност! Во овие простории се едуцираат деца!, пишува друг скопјанец на социјалните мрежи.