Што се случи со случајот на приватната болница „Жан Митрев“, заборавен ли е?

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека во врска со сторијата на ИРЛ за работата на клиниката „Жан Митрев“ во време на ковид-пандемијата се формирани сите потребни стручни комисии, оти се информирани сите инспекторати кои ќе ги преземат неопходните мерки согласно надлежностите, по што министерот за здравство треба да ја информира Владата за се што ќе биде утврдено. Ако се дојде до сознанија кои алудираат на неправилности, нагласи Ковачевски, тие ќе бидат процесирани согласно законските процедури.

-Формирани се сите стручни комисии кои ќе треба да го испитаат случајот во детали, информирани се сите инспекторати да работат согласно законските надлежности. Министерот за здравство и Министерството за здравство за сите податоци кои ќе ги добијат ќе треба да ја информираат Владата. Доколку врз основа на наодите на комисиите и инспскциските надзотри и другите институции кои се вклучени се дојде до сознанија кои алудираат на одредени неправилности, нормално дека тие ќе бидат процесуирани согласно законската регулатива на државата, рече Ковачевски во одговор на пратеничко прашање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски.

Тој потсети дека за ова прашање расправала и Владата и оти таа го задолжила и Министерството за здравство да ги провери наводите во анализата, како и на тоа дека од ДЗСИ е побарано да изврши вонреден инсекциски надзор за спроведување на одредби за пријавување интрахоспитални инспекции, како и извештај за спроведени и редовни контроли во периодот од 2019 до 2022 година.

Исто така, рече дека од Малмед било побарано  да даде извештај за наводите за клиничите испитувања поврзани со хемофилтрација. Надележни институции ќе ги проведуваат медицинските документи за да се види на кои пациенти и во какви случаи била вршена ваква процедура. До 26 јули, нагласи, Малмед нема доставено извештај до Министерството за здравство

Пратеникот Стојановски, поставувајќи го прашањето зошто не се прави доволно за расчистување на овој случај, истакна дека во него се работи за класично затајување на системот во што се вмешани неколку институции. Не е возможно, нагласи, за ваков скандал да не знаеле институциите.