Што се случи со мажот од Теарце кој бараше голи слики од 12-годишно девојче?

Вчера, Тетовскиот суд изрече мерка притвор од 8 дена против 27-годишниот М.А. од Теарце, кој се сомничи за педофилија, објави ТВ21

Според досегашните информации тој се сомничи за сторено кривично дело „намамување на обљуба или на други полови дејствија на дете кое не наполнило 14 години“.

Тој, дури вчера беше приведен во полиција, а сторијата за случајот, ТВ21 ја емитуваше уште во понеделникот.

Мајката на девојчето раскажа како нејзината 12-годишна ќерка била уценувана преку социјалните мрежи, каде непознато лице ѝ барало разголени фотографии, или во спротивно, како што ѝ се заканил, ќе објави нејзини фотографии и видеа со непристојни натписи.