Што се крие зад огласот “нудам масажа”?

Барајќи одредена работа низ огласите, купување на куќа, стан, автомобил, нива, или пак изнајмување на некој деловен простор, дали на интернет, во весници или пак на некоја јавна површина можете да наидете на многу “понуди”.

Често се запрашуваме што се крие зад огласот – “нудам масажа”?

Проституцијта во Македонија е забранета, но сепак оваа “професија” е се повеќе е застапена.

Во многу весници во кои се наоѓаат огласи може да се пронајдат и такви кои нудат масажа на која се добива многу повеќе од напишаното во огласот.

Интернетот како и весниците се полни со огласи во кои се нудат секаков вид на масажи. Има и такви кои се продаваат како згодни, млади и атрактивни масерки кои ќе ве задоволат до крај. Тие или доаѓаат дома кај вас, или пак си имаат свој простор каде што “масираат”.

Меѓутоа, зад тие огласи најчесто се кријат девојки кои се занимаваат со проституција..

Масажата зависи од џебот на клиентот. Колку е подлабок, толку се оди подалеку! Цените се движат од 50 евра па нагоре, зависно од услугата.

Затоа ако некогаш имате потреба од масажа, не ги сметајте овие огласи како вистинско место за она што го барате, бидејќи можете да добиете нешто поразлилчно од една обична масажа.