Што се крие зад магичниот „изборен цензус“? Што значи оваа формулација?

За претседател се избира кандидатот што добил мнозинство гласови од избирачите што гласале доколку гласале повеќе од 40% од избирачите, пишува во членот 81 од Уставот на Република Македонија. Во истиот член се појаснува дека „доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка". Ама нема рок кога се повторува.

Магичниот збор „изборен цензус“ подразбира дека на Претседателскит избори кои ќе се одржав во недела на гласање треба да излезат повеќе од 40% од гласачите, односно бројка поголема од 720 илјади од запишаните избирачи во избирачкиот список. 

Бројка тешка за исполнување

Во моментов, единствениот мобилизатор за излезноста останува тесната разлика меѓу кандидатите на власта и опозицијата и фактот дека во втората рунда влегуваат со „нула“ гласови.

„Првиот круг на претседателските избори покажа дека кај електоратот постои исклучително ниска мотивираност за излегување и гласање“, вели аналитичарот Петар Арсовски. Според него, тоа се должи на неколку причини.

„Првата е ниската заинтересираност за претседателски избори воопшто, зашто таа функција нема директно влијание врз секојдневниот живот на граѓаните, а потоа политичката цена за непопуларните потези во последниот период. Незадоволството од динамиката на реформите, воведувањето на владеењето на правото, борбата против корупцијата и економијата, најмногу влијаат граѓаните да не бидат мотивирани да излезат за избор на претседател“, оценува Арсовски.

„Ако само една третина од гласачите на Река одлучат да не гласаат во вториот круг (бидејќи нивниот кандидат не се пласирал), а тој дефицит СДСМ и ВМРО ДПМНЕ не го компензираат со дополнителна мобилизација, цензусот ќе биде невозможен“, вели аналитичарот Петар Арсовски.

Според него, ниската излезност претставува сериозен ризик за вториот круг, односно постои сериозна опасност да не избереме претседател.

„Ако само една третина од гласачите на Река одлучат да не гласаат во вториот круг (бидејќи нивниот кандидат не се пласирал), а тој дефицит СДСМ и ВМРО ДПМНЕ не го компензираат со дополнителна мобилизација, цензусот ќе биде невозможен. Прашање е дали ДУИ ќе се мобилизира дополнително и каде ќе одат гласачите на Река, но ако се задржи ваквата ниска мотивираност, Македонија може да не избере претседател, па со тоа да влезе и во нова политичка криза“, вели Арсовски.

Што ќе се случи ако нема цензус?

Македонија може да влезе во нова политичка криза ако во вториот круг од претседателските избори не биде постигнат цензусот, од кој зависи успешноста на изборниот процес.

Според членот 81 од Уставот „доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка“. Но, Уставот не определува никаков рок во кој би била повторна целата постапка.

Таа празнина не е прецизно затворена ни со одредбите во Изборниот законик, па толкувањата одат по „аналогија“ на роковите предвидени за други околности на престанок на мандатот на претседателот.

Поради недореченоста на регулативата и стравување од нова криза, засега сите навиваат за успешен изборен процес

„Успехот на изборите не зависи ни од ДИК, ниту од кои било државни органи. Успехот зависи од претседателските кандидати, дали тие ќе ги убедат избирачите да излезат на гласање“, вели претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски.

На прашањето – каква е гаранцијата дека во случај на неуспешен процес повторените избори би биле успешни, кусо одговара: „Никој не може да даде таква гаранција“.

Деркоски: Ако нема цензус во вториот круг веднаш се распишуваат нови избори

Ако нема излезност во вториот круг од 40 проценти, не е исполнет условот за успешни избори. Во тој случај веднаш се распишуваат нови избори, вели претседателот на ДИК, Оливер Деркоски.

„Ако нема излезност во вториот круг од 40 проценти, не е исполнет условот за успешни избори. Во тој случај веднаш се распишуваат нови избори, односно претседателот на Собранието треба да распише нови избори. На тие избори може да учествуваат и кандидатите кои сега учествувале доколку бидат поддржани од своите поддржувачи како што е сега случајот од група на избирачи или од најмалку 30 пратеници или можат да бидат други кандидати. Значи нема ограничувачки фактор во таа смисла, меѓутоа треба веднаш да се распишат и одржат изборите“, вели Деркоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Во него додава дека Државната изборна комисија во изминатиот период ги презеде сите организациски мерки потребни за организација и спроведување на овие претседателските избори во нашата држава и без разлика дали тие се или не се услов за добивање на датум за преговори со ЕУ, како што вели, ние и онака како државен орган ги спроведуваме сите потребни мерки за да се организираат кристално чисти избори.

Меѓутоа нагласува дека изборниот процес се содржи од повеќе чинители, значи не е само Државната изборна комисија.

„Да, ДИК е орган кој се грижи за организацијата, спроведувањето на изборниот процес, како еден од тие чинители, меѓутоа во случајот со претседателските избори имате ситуација во која на пример кандидатите, организаторите на кампањите кои, исто така ќе треба да внимаваат на изборниот процес да биде фер, коректен, чист за да помине сè во најдобар ред на крајот“, додава Деркоски.

На прашање дали е реална бројката од 1,8 милиони избирачи во државата која има два милиони жители, Деркоски појаснува дека Изборниот законик вели дека граѓанин има право на глас доколку наполнил 18 години и има државјанство на нашата држава.

„Тоа значи дека сите оние кои имаат државјанство, а се полнолетни, без разлика дали живеат во нашата држава или се надвор некаде, имаат право на глас. Тука се јавува таа разлика и не треба да ги спојуваме бројот на жители со бројот на запишани избирачи. Ако се потрудите да добиете бројка од Министерството за внатрешни работи, ќе видите дека некаде околу 2,5 милиони е бројот на државјанства издадени од Министерството и ако од таа бројка ја извадите бројката на малолетни лица, тогаш бројката што ја имаме на избирачкиот список во ситуацијава 1.808.131 гласач е сосема реална бројка. Има повеќе примери во светот кадешто бројката на запишани избирачи е поголема од бројката на жителите. Еден таков сличен пример е Република Грција, каде што имате запишани скоро 11 милиони гласачи, а државата има скоро толку и број на жители.“