Што се читаше на SkopjeInfo.mk во 2019 година?

Како секоја, така и оваа година правиме ретроспектива на најчитаните и најинтересните вести од годината која заминува. Стандардно, правиме листа на десетте најчитани вести, но оваа година ги издвојуваме темите кои предизвикаа најголем интерес кај публиката. 

Од секојдневните теми интересот на читалите го привлече текстот за луѓето кои се повеќе помеѓу нас: За луѓето кои веќе не се дел од нашиот живот – најмногу ни недостасуваат за време на празниците.

Хороскопот беше интересен за читателите: Дневниот, Неделниот и Годишниот хороскоп се наоѓаат на врвот на листата на најпопуларни теми за 2019 година. 

Таксистот кој претепа жена во Скопје и трагедијата кај Ласкарци беа најчитани во категоријата Црна Хроника во оваа 2019 година. 

На тема „Скопје“, новогодишните фотографии од главниот град оваа година се најдоа на листата на најчитани вести за оваа година.

Од оваа година започнавме да пиеме кафе со интересни и испиративни ликови. Кафето со Виктор Камнар, легендарните Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ и актерката Јелена Јованова Периќ беа најчитани. 

Среќни празници од редакцијата на Скопје Инфо!