Што сакам од тебе?

Сакам да ме сослушаш без осудувања.
Го сакам твоето мислење, а не твојот совет.
Сакам да ми веруваш без некакви очекувања.
Сакам да ми помогнеш, а не да одлучуваш наместо мене.
Сакам да се грижиш за мене, а не да ме загушуваш.
Сакам да ме видиш мене, а не да се пронајдеш себеси во мене.
Сакам да ме охрабруваш, а не да ме оптоваруваш.
Сакам да ме поддржуваш, но без сомнежи и црни мисли.
Сакам да ме заштитуваш без да ме лажеш.
Сакам да ме прегрнеш, а не да ме задавиш.
Сакам  ми се приближиш без наметнување.
Сакам да знаеш сѐ што не ти се допаѓа кај мене, а сепак да го прифатиш тоа, без желба да ме промениш.
Сакам да знаеш дека секој ден можеш да сметаш на мене...
За сѐ, секогаш, во секое време... безусловно.