Што претставува функционалната кондиција?

Вежбањето е одлична активност која носи многу придобивки за здравјето. Но, не е секогаш лесно да се знае од каде да се започне - или како да се избегнат грешките при вежбањето што предизвикуваат повреди.

Без разлика дали вратот и грбот ве болат од работа од дома или едноставно поминувате премногу време во седечка положба, важно е да изнајдете рутина за вежбање што ќе го зачува вашето тело здраво и издржливо.

Еден одличен начин да останете активни и да помогнете во спречувањето на болка и повреда е со функционална кондиција - или едноставни вежби кои користат многу мускулни групи одеднаш. Додека вежбите како кревање тегови и кардио се насочени кон специфични здравствени потреби, функционалната кондиција треба да ги намали шансите за повреда додека ги извршувате секојдневните вежби и работи. Функционалниот фитнес едноставно кажано го подготвува вашето тело за секојдневниот живот.

Како и повеќето вежби, функционалната кондиција е добра и за вашето ментално здравје. Дополнително, одговара за сите возрасти. 

Можеби сте запознаени со повеќето функционални фитнес вежби, кои се лесни за правење дома и обично бараат малку до никаква опрема. Некои примери вклучуваат: Клекнување (сквот) за нозете, стомакот и долниот дел на грбот, планк вежби за стомакот, грбот и рамената, склекови за градите, рамената, трицепсите, тегови за вашите бицепси, трицепси, подлактици, зглобови, рамена и слично. 

Во студениот дел од годината, обично повеќе се опуштаме, па ваквите вежби сигурно ќе ви помогнат да останете во форма и да се ја обезбедите нормалната функција на целото тело.