Што прават заедно маски и рециклирана хартија? Еко Маскембал, се разбира!

Од година во година се подобрува еко свеста кај нас, а за тоа сведочи масовноста на познатиот и омилениот еко маскембал на Рамстор Мол кој го реализираат заедно со Пакомак и Шпаркасе Банка оваа година по седми пат. За најинветивните, најзабавните и наједукативните маски и оваа година ќе следат вредни подароци: велосипед, ролерки и тротинет. Подарок ќе добијат и најдобрата групна маска и најмалиот учесник на маскембалот. Со ова, Рамстор Мол ја поттикнува  тимската креативност и секако еко свеста кај најмалите.

Пријавувањето за најинтересниот еко маскембал е отворено и достапно на инфо пултот на Рамстор Мол до 31.03.2019.

На денот на шегата 1 Април со почеток во 13.00ч ќе се одржи и дефилето на маските.

Во што ќе се маскирате Вие оваа година? :)