Што практично ќе донесе договорот- споменици со назнака дека се хеленски, нови документи, стара химна и знаме

Спомениците од прокетот Скопје 2014 нема да се уриваат ниту да се преселуваат како што пишува катимерини. Во духот на догворот тие ке се преименуваат како обележја на хеленската култура.

„Спомениците изградени во рамки на ‘Скопје 2014’, кои ја отсликуваат хеленската култура како историско и цивилизациско наследство на светот ќе го добијат тој епитет. Воинот на коњ ќе го преименуваме во тоа што вистински е, Александар Македонски и ќе дадеме објаснување во рамки на споменикот за што станува збор, односно Александар Македонски како дел од хеленскиот антички период и како светско културно наследство. Нема уривање на Александар Велики. Останува како симбол на пријателство меѓу Република Македонија и Република Грција. Истото ќе се случи и со споменикот на Филип Втори и споменикот на Олимпија“, рече Бошњаковски.

Согласно договорот ќе се се прилагодат и имињата на јавните и државни институции , појаснија од Владата.

Ќе има и нови лични документи, од типот на пасош, лична карта, сообракајна дозвола. Но, ваквите  промени се спроведуваат етапно , во рамките на  преговорите за членство во ЕУ, велат од Владата. Граѓаните нема да имаат дополнителни трошоци за менување на патните исправи и други документи. Тие ќе се менуваат кога ќе истече нивната важност.

– Тие трошоци ќе бидат редовни што ги имаат граѓаните при вадење нови патни исправи

Химната и другите државни симболи не беа дел од преговарачкиот процес и тие нема да се менуваат.