Што посакувам да знаев кога бев помлада?

Посакувам да знаев дека не постојат грешни, сите работи се дел од патот кон успехот.
Посакувам да знаев дека е поважно да живееш во хармонија со себеси, отколку да исполуваш туѓи барања.
Дека е подобро да се обидеш и да не успееш отколку никогаш да не се обидеш.
Дека не ти треба нечија дозвола за да одиш по својот пат...

Посакувам да знаев дека има повеќе корист да го правиш тоа што го сакаш, отколку да го правиш она што околината ти го наметнува...
Посакувам да знаев дека има многу поголема вредност да живееш во љубов отколку во сигурност.
Посакувам да знаев дека ако сум избрала нешто коешто повеќе не ме прави среќна, дека можам да изберам повторно.
Посакувам да знаев дека сосема е во ред да ја негуваш својата индивидуалност.

Посакувам да знаев дека треба да имаш големи соништа, затоа што навистина можеш да ги оствариш.
Дека промената не носи нешто лошо, туку отвора патишта кон подобро...
Дека човек самиот си е своја причина и последица и дека тоа нема врска со околината.
Посакувам да знаев дека е поважно што имаш во срцето отколку во џебот. 

Посакувам да знаев дека не треба да се обидуваш да ги промениш другите, туку себеси...
Посакувам да знаев дека ако знаеш што сакаш и каде одиш, ништо не може да те спречи.
Дека постоиме не за да живееме во страв, туку да бидеме среќни.
Посакувам да знаев дека дури откако навистина ќе се засакаш себеси ќе можеш да ги сакаш и другите. 

Посакувам да знаев дека највредните работи се бесплатни, а и непроценливи, како воздухот, водата, љубовта...
Посакувам да знаев дека што повеќе даваме, повеќе и добиваме.
Посакувам да знаев дека најважен е сегашниот момент, а не она што било вчера или она што ќе биде утре.
Посакувам да знаев дека сосема е во ред да паднеш, затоа што тоа ќе те научи побрзо да стануваш.
 

И посакувам да знаев дека без оглед на тоа што ќе се случи, никогаш не смееш да се откажеш од себе, затоа што ја имаш целата слобода и моќ во себе за да го живееш животот онака како што ти сакаш.