Што пишува на ѕвоната на црква „Св. Константин и Елена“?

Поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија г.г. Стефан неодамна ги освети новите ѕвона од камбанаријата кои ќе се постават на скоро завршената црква „Св. Константин и Елена“, лоцирана спроти Домот на АРМ во Скопје. 

Ѕвоната на камбанаријата на црквата „Свети Kонстантин и Елена“ на празниците ќе создаваат еден вид музика, а во неделите друг вид музика, велат архитектите што го изработија проектот за православниот христијански храм што се гради на улицата Македонија.

Централното ѕвоно во новата црква,  е тешко 8,3 тони.

На најголемото ѕвоно пишува: „Во слава на пресветата и единосушна тројца, отецот и синот и светиот дух и во чест на светите рамноапостолни цар Kонстантин и царица Елена, се излеа ова ѕвоно во летото на Христа 2014“. На второто ѕвоно е запишано: „Боже чувај ја татковината наша света македонска и нашиот благоверен народ“.

Црквата во форма на крст ќе биде висока 30 метри и има една централна и четири помали куполи. Има четири апсиди и една олтарна апсида.