Избери еден цвет од фотографијата.
Оној кој најмногу те привлекува и прочитај што кажува за твојата личност во пролетниот период.
Нарцис
Ако го избра нарцисот, оваа пролет влегуваш во фаза на будење и нова енергија. Сакаш свеж почеток, имаш потреба од прочистување – и физички и емоционално. Луѓето те гледаат како некој што носи надеж, ведрина и топлина. Време е да блеснеш со својата светлина, дури и ако не ти е секогаш лесно да ја покажеш.
Јоргован
Ако те привлече јоргованот, пролетта за тебе значи длабоки чувства, носталгија и желба за блискост. Ти си емпатична душа, склона кон размислување и поврзување со минатото. Но, оваа сезона носи шанса за трансформација – да ја претвориш таа длабочина во нешто ново и убаво. Твојата мекост е твоја сила.
Полски цветови
Ако ги избра нежните полски цветови, оваа пролет ќе ти биде полна со спонтаност, слобода и нежност. Ти си уметничка душа, авантурист со љубопитно срце. Не поднесуваш рутина – сакаш природа, слики, зборови и љубови кои не можеш да ги дефинираш. Ова е твоја сезона за растење надвор од граници.
Лалиња
Ако го избра лалињата, оваа пролет ја започнуваш со одлучност. Ти си личност со став, страст и вкус за убавото. Знаеш што сакаш, но исто така носиш и голема емоционална длабочина зад таа сигурност. Пролетта ти носи нова можност – за љубов, за стил, за храброст да бидеш свој/а.