Што носи загадувањето на воздухот?

Акутна болест или смрт поради загадување на воздухот.

Светската здравствена организација утврдила дека 2,4 милиони луѓе годишно умираат од последиците поврзани директно со загадувањето. Тоа се хроничните заболувања, како на пример астмата, емфиземи на белите дробови, оштетувања на срцето и на белите дробови, алергии на дишните органи. Загадениот воздух  влијае на  физиолошките функции, како на пр. на респираторните и на доводот на кислород во крвта. Особено при поголема физичка активност, стеснети крвни садови и немање доволно кислород во крвта може да дојде до мозочни и срцеви удари, до надразнување на сетилата, повраќање, губење на апетитот, нарушување на сонот.

Штетни концетрации:

• Сулфур диоксид:

Големите концентрации на овој оксид на сулфурот, а и на другите оксиди на сулфурот предизвикуваат најразлични проблеми врзани со дишните органи,  зголемување на смртноста особено кај заболените од рак и влошување на состојбата на заболените од бронхитис.

• Јаглерод моноксид:

Зголемените количества на овој оксид имаат особено негативно влијание врз нервниот и врз кардиоваскуларниот систем кај човекот. Може да доведе до појава на јаки главоболки, задушување и труење, и смрт. Овој оксид ги нарушува процесите на оксидација во клетките.

• Оксиди на азот:

Зголемените концентрации на азот негативно влијаат на органите за дишење, кои може да предизвикаат смрт. Овие оксиди ја намалуваат способноста на крвта за пренесување кислород.

• Јаглеводороди:

Поголемите концентрации на овие соединенија можат да предизвикаат: кашлица, забрзан пулс, главоболка, мачнина, промена на температурата на телото, промени во крвта, па и до појава на смрт. Овие соодиненија ги иритираат слузокожата на очите, на носот и респираторниот систем.

Суспендирани честички

Суспендираните честички се сочинети од повеќе материи.Главно  од ситен прав, чад, несогорени масла, пепел, метали и мрсни материи. Големината на честичките се движи од 0,01 микрони до и над 100 микрони.Главно извори на овие честички се согорувања на масла и на цигари. Кога ќе се здружат заедно со сулфур диоксид ги оштетуваат белите дробови, а можат да предизвикаат и карцином на желудникот. Оловото од издувните гасови на автомобилите  што се наоѓа во честичките е штетно за човековото здравје, особено за децата. Берилиумот кој доспева во воздухот во мали количества од индустриските извори и течните горива предизвикува лезии во белодробните крила,тешки респираторни проблеми, па и смрт. Ситниот прав познат како ПМ честички 10, се фракција од суспендирани честички со пречник од 10 микрони,се задржуваат во носот. Честичките ПМ 2,5 (2,5 микрони) навлегуваат во бронхиите на белите дробови. 

Скопје –еден од најзагадените градови во Европа

Главниот проблем со загадувањето на воздухот во Скопје се должни на несоодветната местоположба на индустриските објекти. Самиот град е опкружен со планини кои создаваат услови за зголемување на концентрациите на штетните гасови во воздухот.