Што ни прават критиките, озборувањата и зборовите на лошите луѓе?

На прашањето како да се справуваме со критиките, озборувањата и зборовите на лошите луѓе, еден мудрец одговорил во свој стил, а луѓето околу него ги отвориле очите и ги начулиле ушите за да слушнат повеќе.

Тој рекол: „Кога некој ќе ве пофали и ќе ви рече дека добро пеете, свирите, рецитирате, танцувате или готвите, вие реагирате во зависност од тоа кој ви го рекол тоа. Ако ве пофали вашето дете, тогаш тоа не го гледате ко нешто важно и него земате предвид, но ако ве пофали познат критичар, тогаш тоа е „многу важна работа.“

А вие сѐ уште сте истата личност каква што сте биле и пред да ве пофали некој!

На истиот начин, кога некој вели дека немате поим од пеење, свирење или танцување, дека не знаете да се облекувате, сѐ зависи од тоа кој ви го кажал тоа.

Ако тоа ви го каже детето или најдобриот пријател, тогаш тоа и не е баш меродавно, но ако тоа го каже некој светски познат „експерт“, тогаш ситуацијата е ужасна.

А вие сѐ уште сте истата личност каква што сте биле и пред да ве искритикува некој!

Она што другите го фрлаат пред вас, тоа е нивното ѓубре,  а вие се фаќате за тоа ѓубре.

Не само што се фаќате за тоа ѓубре, туку и цврсто го ставате на своето срце и потоа со години пребарувате низ него.

Отфрлете го туѓото ѓубре и не му обрнувајте внимание.

Вашиот живот е многу поважен од купиштата туѓо ѓубре.