Што ни направија годините? Брзо поминуваат, а со себе ги оставаат само спомените

Долг карантин, велат другите. Но, веќе не ми пречат часовите поминати дома – не ги бројам, се водам како што ќе ми кажат. Не бунтувам, не кажувам како треба, не се надевам дека ќе биде подобро.

Едноставно молчам и си велам така треба.  

Во позадина свири некоја мелодија од мојата младост, песна која ме потсетува на долгите непроспиени ноќи, на сите дружења, на енергијата која ја имав во себе, на мојата бунтовност и колку таа се чинеше чудна на сите околу мене. 

Моите чекори веќе не се затрчани, не брзам никаде, не се обидувам да го освојам светот, не сакам да победам. Се смирувам со чаша вино, поезија, со топла бања. Ме разнежнуваат среќни љубови кои ги има сè поретко и блискост, ме натажуваат тешки мигови, сиромаштија, недостаток на љубов. Ја прифаќам својата осаменост како своја, свој дел од себе. 

Порано живеев како што мислев дека треба, сега живеам како што мора. Годините минуваа, една љубов, друга љубов, сто пријателства, три од нив вистински. Се преморив. 

Немам веќе желба да ги менувам луѓето. Зошто и сум сакала да го правам тоа? Веќе не им кажувам на луѓето како сум. Не ми е полошо одошто им е на нив, но живеам. Годините се таложат, веќе не чекам никого, не дозволувам никој да ме чека мене. Не зборувам за политика, не велам дека така треба, дека тоа ќе биде подобро. 

Не знам што е подобро.