Што навистина мисли кога ќе ви каже дека не е подготвен за врска?

Да, секоја девојка поминала низ тоа. Запознаваш дечко кој вели дека многу му се допаѓаш, дека сака да поминува време со тебе, дека си совршена девојка, но дека не е подготвен за врска. Молам? Што?

Милион мисли ти се вртат низ глава, но причината поради која тој го вели ова е многу едноставна:

Ти за него си резерва и те чува „за секој случај“.

Да, знам дека е тешко да се прифати и да се чуе, бидејќи ниту една девојка не сака да го чуе тоа.

Но, тоа е вистината. Тој се забавува и си го пополнува времето додека не ја добие девојката која навистина ја сака и со која сака да биде.

Не е дека тој се плаши од врски, само не сака да биде во врска со тебе. Во моментот кога ќе најде некоја за која мисли дека е подобра од тебе, ќе го снема без око да му трепне.

Во суштина, ако никогаш не си ги сретнала неговите другари, семејство или кој било од неговиот потесен круг – тоа е случајот со тебе.

Да, тој знае дека ќе го направиш среќна, но знае уште неколку други девојки кои би го правеле среќен.

Нема ништо полошо од чувството дека можеби испушта нешто подобро. И како резултат на тоа, тој ве чува вас се додека не се осигура дека апсолутно нема подобар избор во моментот.

Не спијте на тоа уво  дека еден ден ќе се разбуди и ќе ви се врати. Вие треба да бидете прв избор, а не резерва. На крајот на краиштата, ако маж не сака да ви се посвети, не треба да седите и да чекате да се одлучи. Вие донесете ја одлуката и заминете си.