Што навистина има во цигарите?!

Освен тутун, цигарите во просек содржат повеќе од 4.000 разни хемикалии, откри најновото истражување на американскиот портал Smoke Free Forsyth.

Многу од овие хемикалии се слични на токсичен отпад. Составен дел на цигарите се и амонијак, оцет, ацетон, радиоактивен полониум, формалдехид и арсен кои се користи како отров за глувци.

Исто така, содржат и бутан кој се користи како гориво за запалки и во големи дози може да биде отровен.

– Проблемот со цигарите е што покрај тутунот содржат и стотици други хемикалии. Нивното согорување остава сериозни последици врз здравјето на човекот– изјави докторот Луз Клаудио.

Најмалку 69 од овие хемикалии предизвикуваат рак, предупредува американското здружение за здрави бели дробови.