Што научив за љубовта од моите баба и дедо?

Во денешно време тешко е да се задржат врските да траат подолго. Имаме многу онлајн апликации, имаме многу слободно време, а малку нерви. Живееме во свет во кој полесно е да ги избришеме луѓето од нашиот живот, наместо да им кажеме дека ги сакаме и дека ни недостасуваат.

Денешните генерации ја изгубија вистинската смисла на љубовта и бракот. Доколку размислувавме како нашите баби и дедовци, веројатно немаше да бидеме толку тажни и осамени, но и лути на другите, па и на самите себеси.

Ова се неколку лекции кои можеме да ги научиме од нашите баби и дедовци.

Омажи се/ожени се со твојот најдобар пријател

Пријателството е најважно. Колку и да звучи клише, тоа е апсолутна вистина. Тоа е важно од првиот ден на запознавање со личноста со која стапуваме во врска, па во сите мигови кои ги минуваме заеднички. Колку ретко е да се има личност на која можеш да се потпреш и која те смее кога ти е тешко?

За да сакаш добар човек, мораш и ти да бидеш добра личност (и обратно)

Тоа што сме е отсјај на тоа што го сакаме. Се восхитуваме на нивната емпатија, добрина и љубезност. Често тие го имаат тоа што ние го немаме, а посакуваме да го имаме во себе. Учиме да сме подобра личност со нив.

Аргументирајте, но не се лутете

Нашите баби и дедовци се расправаат околу ручекот, околу крпите во кујната, околу дворот. Но, нивните мали кавги секогаш се слатки и интересни. Сте ги забележале ли некогаш да врескаат еден на друг?

Тие не се откажуваат од љубовта само ако не се согласуваат за нешто. Тие не држат бес за малите конфликти во тект на денот.

Избирајте љубов

Животот има интересен начин за да ни покаже дека не секогаш ќе биде најлесното патешествие кое го имаме. Постојат денови кога не сме во состојба да станеме од кревет и да се сакаме себеси, но секогаш треба да одбираме да ја сакаме другата личност бидејќи таа не подига, таа ни дава сила да продолжиме.

Никогаш не се откажувајте

Не барајте скапи вечери, не барајте долги одмори. Важен е квалитетот на нештата кои ги правите заедно. Сте го забележале ли спокојот кои нашите баби и дедовци го имаат јадејќи го нивното омилено, едноставно јадење? Или пак гледајќи ја нивната серија?

cheap nike free run 5.0