Што научив откако го изгубив своите родители?

Да бидеме благодарни во нашиот живот е едно нешто што парите не можат да го купат. Тоа е знаење, и чувство кое нѐ топли во студените ноќи и ни дава сила да продолжиме.

Кога ќе ги изгубиме своите родители без никакво предупредување, тогаш стануваме свесни што сме имале во својот живот. Тоа е едно од најтешките нешта кои еден човек може да ги помине во својот живот. Не постои правилник, не постојат инструкции, тоа се случува и едноставно мораме да научиме како да продолжиме со својот живот.

Многу нешта минуваат низ нашата глава кога ќе ги загубиме своите родители. Тоа носи огромна тежина во нас со која мораме да се научиме да живееме.

Мораме да научиме:

  • Да не ги земаме нештата „здраво за готово“
  • Да бидеме благодарни за времето поминато со нив
  • Да бидеме горди на тоа што сме го научиле од нив и на личноста која сме станале
  • Да гледаме со ведрина на животот, бидејќи тој е краток и може да завршиме во секој момент.

Во тој момент мораме да научиме да се бориме, да ја чуваме љубовта за нив во себе и никогаш да не ги изневериме.