Што можеме да научиме од нашето скршено срце?

Тие ситуации кога го чувствуваме нашето срце како се крши поради љубовта која завршила се ужасни и најчесто не се фер. Но, сите сме минале низ тоа. Нема човек чие срце барем еднаш не се скршило. Но, вистината е дека за да дознаеме што е вистинска љубов, мора да видиме што значи да се има и скршено срце.

А кога ќе пројде болката, тој дел од вас кој го чувствувате како откинат и кога тој дел ќе престане да крвари – вие ќе биде подобра и посилна личност од претходно. Ви ветуваме. Покрај тоа учиме и многу, а ова се само дел од лекциите кои попатно ги учиме...

Сфаќаме дека нашата среќа зависи само од нас

Во некој момент, откако сме тагувале некое време, сфаќаме дека мораме да се прибереме и дека само ние можеме да го направиме тоа. Скршеното срце нѐ учи дека мораме да бидеме во состојба самите во себе да пронајдеме среќа.

Во ред е човек да побара помош

Не е лесно човек да се отвори и да ја сподели својата болка со другите, но скршеното срце е нешто низ кое сите сме прошле. И сите разбираат какво е тоа чувство. Толку е универзално што уметниците со векови ја истражуваат таа тема. И разводот или раскинувањето си бараат „мрежа на поддршка“ и сосема е во ред некому да кажете: „Дојди“, „Не можам да бидам сам(а)“ и слично. Не треба да ви биде непријатно да ги замолите луѓето кои ве сакаат да бидат покрај вас.

Времето навистина лечи сѐ

Ова нема да ви биде некаква утеха во првите денови, но вистина е. Скршеното срце нѐ учи дека ништо на овој свет нема гаранција дека ќе трае засекогаш. Дури ни љубовта. И тоа спознание ќе ве боли сѐ додека не го прифатите. А тогаш, кога ќе го прифатите, ќе научите да се носите со тешки ситуации во животот и подобро отколку што сте можеле претходно.

Понекогаш едноставно морате да се ослободите...

Понекогаш, без оглед на тоа што ќе кажете и направите, љубовта не може да опстане. Скршеното срце ќе ве научи дека понекогаш мора и да изгубите и ќе ве научи дека морате да го прифатите тоа и да продолжите понатаму.

Морате да се сакате себеси за да можете да сакате некој друг

Кога ќе пројде времето за плачење и откако ќе ги ислушате сите тажни песни на овој свет – ќе станете. Ќе бидете посилни и ќе почнете повеќе да се сакате себе. Ќе почнете да се гледате себеси со други очи и ќе го цените она што сте и ќе се радувате на она што допрво ќе доаѓа.

Ќе научите дека можете да преживеете сѐ

Можеби најпрво ќе седите дома со спуштени ролетни, неможејќи да станете од кревет, но ќе дојде момент кога ќе ја исправите главата и ќе излезете надвор со широка насмевка. И ќе сфатите дека вие можете да преживеете сѐ.

Ќе научите дека некогаш ќе морате многу добро да се погледнете во огледало

Раскинувањето кое вие не сте го посакувале ќе ве научи на многу работи. Нешто од тоа нема да ви се допадне. Нешто ќе ве натера долго и добро да размислувате за сѐ, а можеби и да направите некои промени. Скршеното срце ќе ви ги покаже и добрите и лошите страни и тоа многу појасно од кое било друго искуство.

Ќе научите во сѐ да гледате нешто добро

Можеби најпрво нема да се смешкате баш често, но тогаш ќе почнете да забележувате мали работи кои ќе ви измамуваат насмевка. И ќе почнете да им се радувате. Одеднаш ќе сфатите дека ситниците се она што ви е потребно за да бидете среќни. И дека животот е добар. И дека и вие ќе бидете добро. Можеби не баш денес и утре, но на крај сѐ ќе биде океј.