Што можеме да научиме од Моника Белучи?

Моника Белучи се смета за една од најубавите жени на светот. Таа секогаш плени со својата женственост и харизма. Нејзината тајна е многу едноставна  - сакајте си го одразот во огледалото. Освен што е навистина прекрасна, многу можеме да научиме од неа. Често се споделуваат овие нејзини изјави, кои ќе ве инспирираат, но и насмеат.

За балансот

„Не знам дали балансот кој го постигнав е идеален. Не снимам и не работат постојано. Поради тоа не трчав да родам деца сè додека не бев подготвена за тоа. Се обидувам да го организирам времето според своите потреби. Не сакам работата да ми биде приоритет, затоа што децата ми се поважни.“

За храната

„Знам дека не би требало да јадам леб и тестенини. Но, што да правам, мразам забрани. Понекогаш потребно ви е малку задоволство, зарем не? Секако дека е штетно. Но, уште поштетно е да се одречете од сè. Јас јадам сè, а омилена ми е италијанската храна.“

За убавината

„Што значи да се биде убава? Не се работи за биологија... женственоста е одраз на вашиот живот и искуство.“

За годините

„Не би сакала да имам 20 години за ништо на светот. Сега сум многу посреќа отколку тогаш. На 20 години учев, се обидував да разберам каква личност сакам да бидам, патев од несигурност. Сега знам точно што е она што ми треба и без што не можам да живеам.“

За зависта

„Немојте да ги мразите луѓето кои завидуваат, затоа што тие препознаваат дека сте подобри од нив.“

За идеалите

„Морате да се опуштите. На крајот на краиштата, кои сме ние: луѓе кои се обидуваат да одржат рамнотежа на земјината топка, која сама се врти со страшна брзина, патувајќи низ универзумот. Кој во такви услови може да биде совршен?“

За личната среќа

„Се чувствувам среќно во својата кожа. И тоа не е затоа што сум убава. Знам многу убави луѓе чиј живот е ужасен и тие многу лошо се чувствуваат во врска со себеси. Јас сум среќна личност затоа што пронајдов внатрешен мир.“

За хармонијата

„Убавината би требало да ни помогне да најдеме хармонија, љубов и смисла во овој луд свет.“

За диетите

„Ако се подготвувам за улога за која морам да изгубам тежина, јас можам да го направам тоа. Јадам месо, риба, зеленчук и веднаш ја губам тежината. Но, понекогаш се подготвувам за улоги за кои треба да ги зголемам килограмите и можам да ви речам дека повеќе ги сакам тие улоги.“