Што можеме да научиме од луѓето кои се плашат од љубовта?

Некои луѓе едноставно имаат високи ѕидови кои не можеме да ги срушиме.

Можеме да им дадеме милион причини да останат и само една да си заминат и тие би ја одбрале последната. Постојат многу начини на кои сакаме една личност, но кога љубовта не ни е возвратена, ништо не е важно. 

Некои луѓе јасно ни покажуваат дека не можат да нè сакаат, но ние веруваме во тоа дека можеби ќе ги предомислиме. Можеби и ќе успееме во тоа, но проблемот е што голем дел до нас се повредуваат себеси и се изморуваат во целата приказна.

Што можеме да научиме од луѓето кои не можат да ни подарат љубов?

Тие нè учат дека можеме да бидеме најубавата  и најдобрата личност и верзија од себеси, но дека секогаш ќе постои некој кој едностано не може да не сака.

Од нив учиме дека не можеме да се менуваме за друга личност, бидејќи колку поупорно го правиме тоа, толку само повеќе ги губиме и нив, а и себе во целиот процес.

Учиме дека можеме да поминеме часови зборувајќи долго и да мислиме дека постои неверојатна хемија, но дека кога некој не ни дава љубов, ништо не е важно.

Од нив учиме и дека луѓето често градат ѕидови околу своето срце, а ние не можеме ништо да направиме од тоа.

Сфаќаме и дека некои луѓе се навикнати на тоа да бидат сами и тоа често нема никаква врска со нас. 

Учиме и дека некогаш постои погрешен момент, погрешно време, но ако тие се вистинската личност ништо не би било важно.

Од нив учиме дека не можеме да им веруваме на филмовите и бајките и дека љубовта не победува секогаш.