Што можеме да научиме од будистичките свештеници за паниката, анксиозноста и стресот?

Медитацијата може да придонесе кон смирување на паничните напади и да го забави стареењето на мозокот.

Ако сте соочени со голем стрес и паника во однос на кризната состојба во која се наоѓаме, а која е поврзана со корона вирусот, тогаш можеби медитацијата е нешто што може да ви помогне во овој период.

Кои се бенефитите од медитацијата?

Таа може значително да придонесе кон намалување на стресот, смирување на нервниот систем, а новите истражувања покажуваат дека таа може да го намали стареењето на мозокот.

Едно од истражувањата спроведени во 2016 година покажува дека оние кои практикуваат медитација постојано до возраст од 50 години, се чувствуваат за 7.5 години помладо од оние кои воопшто не го практикуваат тоа. Дополнително истражување спроведено од Медицинскиот центар на Харвард и Центарот за здрав ум на универзитетот во Висконсин, го следело животот на 41 годишниот будист Јонги Мингур Ринпоче, кој живее монашки живот од тинејџерските денови. Како дете, тој се соочувал со панични напади и анксиозност, а се запознал со медитацијата на возраст од 9 години. 

За време на својот говор на Лондонската школа за економија, тој кажа:

На почетокот, кога паниката доаѓаше и велев :  Оди си! Медитирам! Но, таа стануваше погласна и посилна, што ме разочаруваше. Мислев дека медитацијата ќе ми помогне, но очигледно не помагаше многу. Му кажав на татко ми, а тој ми даде добар совет. Ми рече : “не и вели да си оди, мораш да ја пречекаш и прифатиш.За време на медитацијата, таа нема да биде пречка. Тогаш го сменив својот начин на медитирање и научив многу”

Истражувачите за ова велат пуштете нека се случи, нека биде, притоа мислејќи на тоа дека морате да ги прифатите емоциите како што доаѓаат, а не да ги блокирате. Така што, бидете свесни за тоа што го чувствувате, прифатете го таквото чувство, а потоа тоа ќе се смири во вас. Не се грижете ако не знаете како да медитирате, само бидете свои и не грижете се. Не треба да се преправате дека сте некој кој не сте. Ако сакате да плачете, плачете. Ако сакате да се смеете, смејте се.Бидете свои.

Authentic Nike Sneakers | Nike