Што можеме да научиме од Близнаците во нашиот живот?

Во секој круг на пријатели, секое семејство или работна средина, постои барем еден Близнак, личност со брз ум, остар јазик и очи што го скенираат светот со ненаситна љубопитност.

Photo by Katii Bishop

Нив ги забележуваме лесно: тие се оние што зборуваат со леснотија, што поставуваат прашања кога сите молчат, што знаат да го осветлат и најтемниот разговор со една мисла, шега или парадокс.

Но Близнаците се повеќе од зборливост или друштвена вештина. Тие се гласници на нешто многу подлабоко: потсетување дека животот не е цврста структура, туку постојано движење, промена, комуникација.

Од нив можеме да научиме флексибилност, односно пособноста да се прилагодуваш, да ги видиш двете страни на една приказна, да не се врзуваш премногу за еден начин на размислување. Во време на поделби и цврсти ставови, Близнаците нè учат дека вистината не е секогаш апсолутна – таа се шета меѓу мислите и се открива преку разговор.

Тие нè потсетуваат на радоста на љубопитноста. Близнакот е вечно дете во светот на возрасни – сака да дознае, да праша, да истражи, да го разложи комплексното на ситни, разбирливи парчиња. Од нив учиме дека не е срамота да не знаеш – срамота е да престанеш да прашуваш.

Од Близнаците учиме и леснотија во поврзувањето. Тие можат да зборуваат со секој, без оглед на возраст, потекло или професија. Тие нè учат дека луѓето се интересни токму поради своите различности и дека комуникацијата не мора секогаш да биде длабока за да биде значајна – понекогаш, еден збор во вистински момент е доволен.

Но Близнаците нè учат и за внатрешниот контраст, нивната вечна борба помеѓу мислите и чувствата, помеѓу желбата да останат и потребата да заминат. Преку нив го гледаме предизвикот да се биде двоен, да се има повеќе интереси, повеќе гласови внатре во себе. И нè потсетуваат дека не мора да бидеме само едно нешто – човекот е сложено суштество, и токму во тоа е неговата убавина.

Ако имате Близнак во животот, почнете да ги слушате со внимание. Под нивната површна леснотија се кријат идеи што го менуваат начинот на кој гледаме на реалноста. Тие не се тука да ве држат за рака – тие се тука да ви го разбудат умот. Да ви го раздвижат духот. Да ви покажат дека животот е приказна што постојано се прераскажува – и дека секој од нас има право да го смениме крајот.