Што може да се купи со една македонска плата - каква е потрошувачката кошничка во Македонија, а каква во регионот

Каде и да се свртиме, во регионот не се живее баш најдобро, а се поточна се покажува изреката „колку појужно, толку потажно", анализираат медиуми од регионот.

Словенците од секогаш живееле подобро од остатокот на екс Југославија, а со влегувањето во ЕУ уште повеќе се издигнаа од остатокот на регионот. Така лани просечната плата во Словенија била 1 015 евра, на врвот на регионалната листа, а најмалку заработувале во Македонија, во просек само 361 евро месечно.

Според последните податоци (последниот квартал лани) просечната плата во Хрватска изнесувала 808 евра, во Црна Гора 529 евра, во Босна и Херцеговина 434 евра, а во Србија 367 евра.

Словенците били подобро платени, но помалку од претходната година

Иако Словенците може само да му се насмевнат на просекот на своите соседи, вистина е дека тамошната просечна плата за 15 евра е пониска од пред година дена. Значи, не е се така розево ни во Словенија. И Хрватскиот просек е помал за 12 евра во однос на година порано. Во Србија и Црна Гора се бележи раст на платите, но не голем.

Што се однесува до БиХ, просечната не се менувала доста, но-што би рекол Алан Форд-затоа цените растеле.

„Можеби е помал проблем што сме плаќале повеќе за основни животни намирници, овошје, зеленчук, млеко, но поскапеле трошоците, лековите, облеката, обувките, училишниот прибор. Се е многу поскапо отколку пред неколку години", вели медицинска сестра од Сараево, која со сопругот и две деца во основно школо, живеат во сопствен стан (уште враќаат кредит).

Така за цела потрошувачка кошничка, која подразбира само достоинствен, но не и луксузен живот во БиХ требат повеќе од 2000 конвертибилни марки, што е повеќе од две просечни месечни плати.

Просечната потрошувачка кошничка во Хрватска изнесува околу 1 841 КМ (938 евра), но ниту тоа, секако не е доволно. За целосна, квалитетна кошничка, просечен Хрват треба да додаде уште најмалку 100 евра.

Потрошувачката кошничка во Србија изнесува нешто повеќе од 1 016 КМ (517 евра). Трошоците се, исто така нешто поевтини. Статистиката вели дека во Србија повеќе од 300 000 луѓе живеат од минималец-околу 170 евра месечно.

За четиричлено семејство во Црна Гора се потребни минимално 796 евра месечно-а платата изнесува половина од таа сума.

Не е воопшто розево и кај нас

Најмалку пари од семејниот буџет се одвојува за одржување на здравјето, односно околу 680 денари, како и за посета на културни манифестации, околу 1.070 денари.