Што ќе се случува неделава во Скопје?

Понеделник 9.1.2017

Кинотеката на Македонија

„Ново киноутро“ во Кинотеката на Македонија

Кинотеката на Македонија и оваа година за време на зимскиот распуст организира дневна филмска програма „Ново киноутро“, во која од денеска до 20 јануари ќе бидат прикажани пет филма.

Филмската програма почнува денеска напладне со проекција на анимираниот јапонски филм „Змејска топка 2“ во режија на Тадајоши Јанамуро кој ќе биде репризиран утре.

Вторник 10.1.2017

„Мала Станица“

19.30 / Изложба на фотографии на Зоран Шекеров

Во галеријата „Мала Станица“, со почеток од 19.30 часот ќе биде отворена самостојната изложба „Глорија и Глорија“ на фотографот Зоран Шекеров.

Изложбата е составена од 60 црно-бели фотографии, дел од фотографскиот есеј на авторот, производ на неговиот петмесечен престој во Чикаго, САД. Инспириран од мајка и ќерка кои потекнуваат од мексиканска фамилија, го создава фотографскиот есеј „Глорија и Глорија“. 

Покрај името, овие две жени ја делат и идентична судбина и секојдневното соочување со предивикот кој го носи борбата со ракот, што го поттикнува Зоран Шекеров за време на својот престој во Чикаго да живее со нив и да им помага. 

Среда 11.1.2017

МНТ

19.00/ Силјан штркот шанца

Автор: Дејан Дуковски
Режисер: Срѓан Јаниќијевиќ

Сценограф и костимограф: Илина Ангеловска
Кореограф: Александра Кочовска – Начева

Улоги:
Силјан: Александар Михајловски
Божин: Нино Леви
Евда: Марија Новак/Магдалена Ризова – Черних
Велчо: Ивица Димитријевиќ
Силјаница: Нина Деан
Еснафот: Александар Ѓорѓиески/Славиша Кајевски
Духовникот: Висар Вишка
Клајк: Кире Ѓоревски
Клајковица: Ана Стојановска
Си Биле: Нина Деан
Сиве: Тина Трпкоска
Чуле: Ана Стојановска
Пијаницата: Кире Ѓоревски
Трпе: Никола Ацески

Четврток 12.1.2017

МОБ

„Заборавени песни“ во МОБ за Василица

По организирањето на Новогодишниот концерт на 1 јануари, Македонската опера и балет го подготвува и традиционалниот концерт по повод празникот Василица, кој ќе се одржи на 12 јануари.

На концертот, кој е насловен „Заборавени песни“, ќе бидат изведени традиционални македонски песни со специјално подготвени аранжмани од композиторот Илија Пејовски, но на програмата ќе има и неколку популарни композиции.

Песните ќе бидат во изведба на Андријана Јаневска во придружба на оркестарот на Македонската опера и балет. Режисер на концертот е Љупка Јакимовска, а диригент Бисера Чадловска.

МОБ соопшти дека билетите се во продажба на нејзината билетарница, како и онлајн на: www.mob.mk. Новина е можноста тие да се купат и во „Југотон“ во ГТЦ на први кат, преку системот karti.com.mk. Целта е, наведува МОБ, нивните билети да бидат подостапни до љубителите на уметноста.

Театарот за деца и младинци

19.00 часот /Дванаесетте месеци

режија: Петар Пашов

Петок 13.1.2017

Public Room

16.00/Lucky Friday

Вино, мезе, дружење, муабети, боса нова звуци ~
Вашата омилена сорта вино од Bovin, Traikovsky, Tikves Special Selection, Brzanov, Popov, Stobi на – 50%

Резервирајте си место за вашето друштво на 02 6092650, contact@publicroom.org или преку https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/lucky-friday-wxbUv.

Public Room

22.00/Петок

Стара Нова Година, петок 13ти или петок вечер?
Која и да е вашата мотивацијата за да се добро да се забавувате, дојдете на шизење со South Park и нивниот одличен rock, pop, funk репертоар!

Резервирајте си место за вашето друштво на 02 6092650, contact@publicroom.org или преку https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/petok-vo-javna-soba-N2fB1.

Сабота 14.1.2017

МОБ

12.00/ Детски викенд во МОБ

Македонската опера и балет и после новогодишните празници, на својот репертоар продолжува со поставување на претстави за деца, во т.н. детски викенд секој месец, од кои нашата најмлада популација ќе може да се едуцира и да го почувствува амбиентот на театарот.

За таа цел в сабота (14.01.) и в недела (15.01.2017) со почеток во 12 часот, на Големата сцена во Македонската опера и балет е закажана популарната детска балетска претстава „Снежана и седумте џуџуња“. „Снежана и седумте џуџуња“, е една од најизведуваните претстави за деца во Македонската опера и балет, на која секогаш нашата најмлада популација го исполнувала Салонот до последНо место.

Театарот за деца и младинци

19.00/ Театарот за деца и младинци

Гига Мега Бајка

режија: Хана Миленковска

Public Room

22.00/ Showroom: Milan Petrovic Quartet and Jazzysad

На првиот Showroom концерт во 2017 ќе гостуваат едни од најдобите џез музичари од Србија!
Дознајте зошто квартетот на Милан Петрович го освојува целиот Балкан и дозволете си уживање во квалитетна музика~

И, за уживањето да биде уште поголемо- ќе има и петти гостин- Master Flow/ Милан Саитович од Нови Сад кој е одговорен за најдобрите игранки кои изминатата година се случија во Public Room. Овој пат настапува co својот проект Jazzysad.

Не ги испуштајте овие преталентирани момци и резервирајте си на 02 609 2650, contact@publicroom.org или преку https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/showroom-milan-petrovic-quartet-and-jazzysad-mUsg5.

Недела 15.1.2017

Театарот за деца и младинци 

15.01 недела, 12.30 часот

Грдото пајче

режија: Деан Дамјановски

МОБ

Македонската опера и балет и после новогодишните празници, на својот репертоар продолжува со поставување на претстави за деца, во т.н. детски викенд секој месец, од кои нашата најмлада популација ќе може да се едуцира и да го почувствува амбиентот на театарот.

В недела (15.01.2017) со почеток во 12 часот, на Големата сцена во Македонската опера и балет е закажана популарната детска балетска претстава „Снежана и седумте џуџуња“. „Снежана и седумте џуџуња“, е една од најизведуваните претстави за деца во Македонската опера и балет, на која секогаш нашата најмлада популација го исполнувала Салонот до последНо место.