Што ќе се случува неделава во Скопје?

Понеделник 3.4.2017

Скопски саем

10.00/Саем на книга

МКЦ 

18.00/ Проекција на филмот „Во потрага по Виа Егнација”

Местата се ограничени и пријавувањето се одвива на milton@to4ak.com.

Проекцијата ќе се одвива во НВО Центарот во МКЦ.

 МНТ

19.00/ Димитар Кондовски – Уметникот за уметниците

Во рамките на виртуелниот концепт кој го развива веке неколку години Музејот на МНТ, и за оваа изложба ќе биде изготвена 360о витруелна тура, која ќе биде достапна на веб страната на МНТ.

Кинотека на Македонија 

20.00/Небо од ванила на ФФФ!

Култниот филм на Камерон Кроу – Небо од ванила на ФФФ 2017. Филмски почеток на неделата.

Long Play

21.00/Понеделнички акустики со KUMA & CRNI

Свирка во живо со Црни и Кума, понеделнички ритуали во Long Play.

Вторник 4.4.2017

Театар комедија

20.00/Вардарски пастуви

МКЦ

20.00/La Liste | Redefining Steep Skiing

LA LISTE Redefining Steep Skiing

МНТ

Среда 5.4.2017

20.00/ Dance Fest 2017 “Pixel” Grand Opening of the Festival

Со извонредниот перформанс – ПИКСЕЛ на Мурат Мерзуки од Франција (Centre Chorégraphique National de Créteil et du Val-de-Marne / Compagnie Käfig – directed by Mourad Merzouki)
Погледнете ја сцената на Македонскиот народен театар како што не сте ја виделе до сега, исклучителен спој на танц и технологија за прв пат на Балканот само на
Танц фест 2017 – Биди свој!!!

Спортски центар Борис Трајковски

20.00/Apocalyptica plays Metallica by four cellos во Скопје

Интензивниот и експлозивен бенд Apocalyptica повторно доаѓа во Скопје, овој пат со својата досега најатрактивна турнеја со наслов „20 years of Plays Metallica by four cellos“, на 5-ти април 2017 година.
Спојувајќи ја класничната музика со хеви метал, Apocalyptica стекна светска слава и привлече огромно внимание кај фановите и медиумите. Со оваа оригинална идеја и врвна интерпретација на најголемите хитови на Metallica, момците од Apocalyptica докажаа дека универзалниот јазик на одличната музика не познава жанровски ограничувања, а резултат на тоа се и стотиците илјади продадени албуми, бројни турнеи и фанови ширум светот.

МКЦ

21.30/Палиндром – Концертна промоција на „Desert Y“

Првото LP издание на Палиндром е снимено во периодот помеѓу август 2015 и февруари 2017, во студиото BPM Sound, со тонскиот снимател Младен Павлески. Продуценти беа Палиндром и Дени Омерагиќ. Дизајнот го изработи Omowsky (Марко Крстевски).

На албумот се поместени шест композиции, кои го отсликуваат широкиот спектар на влијанија присутни во музиката на Палиндром, како пост-панк, пост-рок, noise, експериментална музика и слободна импровизација. На овој концерт ќе прозвучат сите песни од „Desert Y“.

Билетите за овој настан ќе бидат достапни на билетарата на Младински Културен Центар, од понеделник 13ти март по цена од 150 денари во претпродажба, односно 200 денари на денот на концертот.

Четврток 6.4.2017

Театар Комедија

20.00/Трудна приказна

-влез слободен за студенти

Мала Станица 

[19.00] Изложба/Ekspozitë : “AR 2016”

На 6 април во Мултимедијалниот центар Мала станица ни гостува изложба на Националната галерија на Косово (со која воспоставивме билатерална соработка).

Изложба насловена AR 2016, една од најважните изложби организирани во Косово, прогласена за таква поради неколку причини: една е од ретките изложби специјализирана за млади уметници до 40 години; организирана е во склад со светски стандарди и по светски трендови, со три комисии независни една од друга и тоа: селективно жири, кураторски тим и наградувачка комисија (сите три независни од Националната галерија и Министерството за култура на Косово); и главна награда за првонаградениот е престој во еден од светските уметнички центри на одреден период. На изложбата се селектирани дела од 5 автори и/или уметнички групни: Агрон Блакчори (првонаграден), Бујар Сулејмани, Колективот Haveit, Јетула Сулејмани и Луан Бајрактари.

МКЦ

20.00/Млади за Скопје #6 – Концерт на Spectrum

Spectrum е бенд од Скопје кој свири прогресив метал со елементи од многу други жанрови. Имаат голем потенцијал со предобрите инструменталнo-технички вештини кои ги поседуваат. Формирани се во октомври 2015. До сега имаат свирено на повеќе настани во нашиот град, како и низ Македонија. Ова ќе биде првиот нивни самостоен концерт.

Карти во претпродажба: 100 ден.

Карти на ден на концертот: 150 ден.

Македонска Филхармонија

20.00/ Автентичност и Барток

Солист: Нинг Фенг (Јапонија)
Диригент: Јерухам Шаровски (Израел)
Програма:
Б. Барток: Концерт за виолина и оркестар бр. 2
А. Дворжак: Симфонија бр. 8 во G-dur оп. 88

С26

23.00/ Фолтин

Концерт на Фолтин во С26. Добра среда. 

Продолжува на наредната страна......

Петок 7.4.2017

Public Room

16.00/Lucky Friday

Резервирајте за вашето друштво…
https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/lucky-friday-jha5L
078 250 554
contact@publicroom.org

МОБ

20.00/ Балетска вечер на Бурнонвил – Премиера

Балетска вечер на Бурнонвил – Премиера
Балетски дела инспирирани од Франција, Италија и Шпанија
05.04.2017 со почеток во 20 часот во МОБ
Билетите се во продажба на билетарницата на МОБ 02/3118451, ЈУГОТОН ГТЦ 1-кат, и онлајн на www.mob.mk и www.karti.com.mk

Диригент: Бисера Чадловска
Кореограф: Аугуст Бурнонвил (Данска)
Музика: Х. С. Паули, Х. К. Лумбие, В. К. Холм, Е. Хелстед
Поставена и режирана од Ева Клоберг и Франк Андерсен (Данска)
Сценограф: Зоран Николовски
Костимограф: Марија Пупучевска
Асистент на продуцентите: Саша Евтимова
Концерт мајстор и соло виолина: Климент Тодороски

Ова не е прв пат балетите на Аугуст Бурнонвил да бидат одиграни во Скопје, но за прв пат претставуваме целовечерна продукција.

Вип сала Борис Трајковски

22.00/ Deborah De Luca

Минатата година за првпат во Скопје со свој настап ја видовме една од најголемите дј ѕвезди, единствената и неповторлива Deborah De Luca.

Влезници во претпродажба во ПОЛА ЈУГОТОН и купи карти за се дистрибутивната мрежа.

Првите 300 влезници – 400 денари
Следните 500 влезници – 500 денари
Потоа – 600 денари.

Сабота 8.4. 2017

Кино Карпош

12.00/Ujusansa Pre-Surf Party

Драги сурфери и сурферки и сите идни наши пријатели, те покануваме на забава и запознавање во Кино Карпош, каде ќе можете да се запознаете со термините за ова лето, да ги слушнете искуствата од сурферите кои веќе биле со нас и да нѐ прашате сѐ што ве интересира во врска со сурф кампот во Шпанија!

Public Room

22.00 Saturday

Саботна вечер, добра забава и свирка на South Park!

Светлана Јовановска- вокал, Виктор Николовски- вокал и бас, Благојче Пенов – тапани, Зоран Костадиновски -водечка гитара и Горјан Стојменовски – ритам гитара.

Резервирајте си место за вашето друштво…
https://rezerviraj.mk/detali-za-nastan/saturday-public-room-hehgz
078 250 554
contact@publicroom.org

Недела 9.4.2017

Театар Комедија

20.00/Приказни за заборавените претци

Градско кино Милениум

11.00/Убавицата и Ѕверот

13.00/Штрумфови: Скриеното село