Што ќе се случи ако победи Украина на Евровизија? Една земја се понуди да помогне

Низ историјата на Евровизија има примери кога фестивалот го организира земја што не е победник. 

Кога Израел победиле во 1978 година, со задоволство го организирале фестивалот во 1979, кога повторно победиле. Но, бидејќи немале доволно средства, одлучиле организацијата да ја препуштат на друга земја. Па така, во 1980, Евровизија беше во Холандија. 

Моментално Украинците „Калуш Оркестар“ водат во сите обложувалници. Но, доколку се пролонгира воената состојба и нема безбедносни услови за организирање на фестивалот, тогаш организаторот може да избере заменска земја. 

Шведска се веќе искусни во сето ова, па се понудиле тие да помогнат на Украинците доколку победат. Инаку, најчесто ваквата задача ја добиваат припадниците на „големата петорка“ - Велика Британија, Франција, Шпанија, Германија и од пред 10 години, повторно и Италија.