Што ќе работевте ако парите воопшто не постоеја?

Оди во училиште, најди работа и живеј го својот живот – без да ги преиспитуваш работите. Уште од мали нозе, нашите родители нѐ учат на работите кои тие ги научиле од своите родители. Нѐ наведуваат да го следиме патот по кој одат сите.

Кога некој од далеку би ја набљудувал нашата планета, веројатно би видел еден куп програмирани роботи. Како би можеле да дознаеме што навистина сакаме кога нам ни се понудени однапред понудени избори? Таа дефинираност и улоги кои ги играме го ограничуваат нашиот неограничен потенцијал, нешто што луѓето полека почнуваат да го сфаќаат. Сѐ повеќе луѓе ги преиспитуваат своите улоги во општеството и не можат да учествуваат во тоа. Тие не се сложуваат со она што е предодредено, тие тргнуваат на патот кон самооткривањето, без страв од последиците.

Нас никогаш не нѐ учеле да го следиме нашето срце, нашата интуиција или нашата душа. А токму тоа е она што треба да го правиме и никој не треба да се плаши од тоа. Се плашиме од недостаток на пари, од стравот дека нема да можеме да водиме „нормален живот“, а тоа е она што нѐ одвојува од она што срцето го сака. И сета енергија која зрачи од нашето битие кога не се однесуваме онака како што сакаме, туку онака какошто сме програмирани, дефинитвно не е тоа што треба да му го праќаме на универзумот.

Универзумот секогаш нѐ слуша, ние имаме способност да создадеме нешто магично за нас и нашата планета, но едноставно не сме свесни за тој факт.

Ако не постоеја парите, што ќе работевте? Ние не можеме да напредуваме поради тоа што ние сме во оковите на тој ужасен концепт. Многумина од нас мислат дека тоа е толку важно, а многу малку луѓе мислат дека парите не се важни во реалниот свет. Реалниот свет е магичен, а овој свет за кој ние сме програмирани е масовна илузија.

Мораме да најдеме сила и волја да се ослободиме од тие стравови и да ги бараме нашите соништа. Кога би собрале храбрости и без страв ви тргнале на нашиот прав пат би доживеале промени за кои можеме само да сонуваме. Не смееме да размислуваме за исходите или последиците, туку треба да уживаме на тој пат.

Сѐ околу нас е енергија и ние заборавивме на тоа самите да ја создаваме нашата реалност. Надминете ги вашите стравови и грижи и слушајте што ќе ви каже срцето и ќе можете да создадете реалност која е многу поповолна од онаа во која моментално живеете.