Што ќе му се случи на вашето тело доколку една недела пиете топла вода измешана со куркума?

Куркумата е добро позната јужно-азиска зачинска билка која започна да се користи и на Запад во последните години поради гоемите бројни здравстрвени ефекти. Дали знаевте дека таа може да ја подобри работата на џигерот и мозокот?

Овој зачин се користел со векови како лек за болестите на џигерот. Меѓутоа ескпертите започнале да ги испитуваат здравствените ефекти научно-докажано изминатите 20 години.
Она што тие го откриле е дека куркумата е доста корисна затоа што има значајни анти-инфламаторни и антоксидансни ефекти. Неговата активна состојка куркумин го намалува ризикот од појава на болести на џигерот со што помага при чистењето на токсини од телото. Во џигерот се врши акумулација но и исфрлање на сите отрови од телото па затоа редовниот детокс  е препорачлив за секого.

Храната, начинот на живот, стресот, загаденоста во воздухот, хемикалиите и бројни фактори влијаат врз акумулацијата на токсини во телото. Колку повеќе токсини толку е поголема веројатноста за појава на болести и намален имунитет.

Доколку сакате да се чувствувате свежи тогаш овој рецепт е одличен за детокс во било кој период од годината.

Состојки:

1/4 лажица куркума

1-2 чаши вода

Мотод на подготовка:

Зовријте ја водата, додајте ја куркумата и гответе уште 10 минути. Оставете малку да се олади и пијте ја топла рано наутро пред да го консумирате својот појадок.