Што кажале најсексипилните жени на сите времиња за сексот?

За сексот многу се зборува. Во денешно време можете да прочитате многу за поволностите од сексот, техники за заведување, за поубав секс, итн. Но, ние за вас денес подготвивме едно пакетче од мисли за сексот кажани од некои од најпознатите секс симболи на сите времиња.

Прочитајте како тие го доживувале сексот.

„Сексот е како миење на лицето. Тоа е нешто што го правите затоа што морате. Сексот без љубов е потполно бесмислен. Сексот секогаш доаѓа после љубовта, никогаш пред неа.“ – Софија Лорен

„Се што навистина не прави среќни е многу едноставно: љубов, секс и храна.“ – Мерил Стрип

„Сексот е лоша работа затоа што ја тутка облеката.“ – Џеки Кенеди

„Посакувам јас да бев таа која го измислила сексот.“ – Деби Хари

„Секогаш сум била многу отворена кога станува збор за сексот и драго ми е што се уште сум... Никогаш за мене тоа не било нечиста работа. На крај краева, Бог ни дал и опрема и прилика. Постои една стара изрека: „Ако Бог сакаше да летаме, тој ќе ни дадеше крилја.“ Е па погодете што ни дал.“ – Доли Партон

„Јас имам спиено само со мажите со кои сум била во брак. Колку жени можат да го кажат тоа?“ – Елизабет Тејлор

„Мислам дека сексот е преценет. Јас не сум сексипилна и свесна сум за тоа. Всушност, јас изгледам прилично смешно. Како за почеток, имам смешни заби, а не поседувам ниту еден атрибут кој е карактеристичен за филмските диви. Јас всушност немам облини.“ – Одри Хепберн

„Никогаш немате секс како луѓето во филмовите. Не го правите тоа на подот или додека стоите, не секогаш ја соблакате целата облека и обично немате секси долен веш. Знаете, кога мене некој би ми ја скинал облеката би го убила.“ – Џулијен Мур

„Сексот е потполно природна работа. Јас навистина многу ја почитувам природата.“ – Мерилин Монро

„Сексот е шега која Бог ја наменил за луѓето.“ – Бети Дејвис

„Му бев потчинета на својот сопруг и тој ми дозволуваше да правам се што сакам. Мислев дека сум среќна што имам таква романса.“ – Џун Картер

„Веројатно сите мислат дека сум некоја страшна нимфоманка и дека сум незаситна, а вистината е дека јас секогаш попрво ви избрала да прочитам добра книга.“ – Мадона

„Можеби луѓето ме викаат грешница, но јас сум во мир самата со себе.“ – Брижит Бардо

„Сексот ми е потребен за добар тен, но повеќе би сакала да го правам заради љубов.“ – Џоан Крафорд