Што изгуби кога ми рече „Збогум“?

Изгуби жена која те обожаваше. Онаа која цврсто те прегрнуваше кога нешто те болеше и која повторно би те прегрнала кога би направил грешка. Изгуби жена која е нежна, но и полна со страст. Изгуби жена која е разиграна, но секогаш во хармонија сама со себе. Да не ми кажеше збогум, ќе останев онаа која секогаш е полна со љубов кон тебе и онаа која би те слушала кога не би знаеш што да кажеш. Онаа која би те тешела кога си исплашен. Онаа која би те штитела од светот.

Кога ми рече „Збогум“, изгуби партнерка. Партнерка која би стоела покрај тебе дури и кога би ѝ ја покажал својата најмрачна страна. Изгуби партнерка која би ти го дала целиот свет. Која никогаш не би те изневерила. Која никогаш не би ја свртела главата на другата страна. Кога ми кажа „збогум“, изгуби партнерка која засекогаш би ти останала верна. Партнерка која никогаш не би те напуштила, за ништо и никој на овој свет.

Кога ми рече „Збогум“, најважно од сѐ е што изгуби најдобра пријателка. Изгуби жена на која секогаш можеше да се потпреш. Изгуби најдобра пријателка која истовремено можеше и да те бакне и да те охрабри. Изгуби жена која можеше да се тепа со тебе со перници и онаа која ќе ти свари чај кога се тресеш од студ. Изгуби жена која би верувала во тебе и никогаш не би ти дозволила да се откажеш од твоите соништа.

Кога ми рече „Збогум“ изгуби жена која сонува. Жена на која би можел да ја потпреш главата кога си уморен од сѐ и која би се борела со тебе до крајот на светот. Која никогаш не би те напуштила.

Ти ја изгуби. Изгуби жена која те љубеше, најдобра пријателка, партнерка и сонувачка. Со неа можеше да имаш сѐ. Таа те сакаше, посакуваше, љубеше.

Но, набргу таа ќе му биде сѐ на некој друг.