Што има во град викендов?

Сабота 23.6.2018

[17.00] Јади како шампион// Скопје Сити Мол 

Компанијата BEKO има чест да Ве покани да присуствувате и да учествувате на регионалната турнеја "Јади како шампион" ((Eat like a pro), со којашто се бори против детската дебелина и гојазност. 

Tурнејата во Македонија ја поддржува познатиот македонски готвач Шеф Огненовски, кој ќе подготвува здрава храна според рецептите што се користат во подготовка на јадења за играчите на фудбалскиот клуб Барселона.

Компанијата BEKO ќе донира и ваучер на Посебното Основно Училиште „Златан Сремец“.

Изјавите за медиумите се во 17 часот на 23.06.2018 (сабота) во Скопје Сити Мол ( на платото до кафе бар „Тренд“).

[08.00] Изложба на Владимир Темков // НЛБ Галерија

„Потрага по смислата на ликовност во соочување со убавината на природата“ е насловена изложбата на Владимир Темков, која како дел од култната манифестација Скопско лето 2018, ќе биде отворена на 20 јуни во НЛБ Галерија (ул.Мајка Тереза 1, Скопје – Дирекција на НЛБ Банка АД Скопје).

Владимир Темков е роден во 1959 година во Кавадарци. Во Скопје завршил Средно уметничко училиште, Педагошка академија и Факултет за ликовни уметности, каде и магистрирал. Живее и работи во Кавадарци, а во својата уметничка кариера од 35 години, Темков има голем број самостојни и групни изложби. Учествувал на многу меѓународни колонии, во државата и во странство.

[10.00] Првите чекори во книжевното преведување // Младински Културен Центар

Сте размислувале ли некогаш да станете книжевен преведувач?
Сте се запрашале ли со какви сè знаења и вештини треба да располагате за успешно да преведете едно книжевно дело?

Најискусните меѓу нас, Огнена Никуљски и Љубица Арсовска, со задоволство ќе ги споделат своите сознанија на ова поле.
Тие ќе ни објаснат од што се состои креативниот процес на создавање на преводот, но, и ќе нè предупредат на кои правни и технички аспекти треба да внимаваме за преводот непречено да се објави.
Секако, ќе одвоиме време и за практична работа на конкретни текстови на англиски и шпански јазик.

Доколку одвреме-навреме посакувате да одморите од стручните преводи и да се обидете со книжевно преведување, оваа работилница е токму за вас!
Но, доколку и самите сте искусни книжевни преведувачи, со нетрпение ќе го очекуваме вашето учество на работилницата за да го слушнеме и вашето искуство!

Време и место на работилницата:
–23.06.2018 година, сабота, од 10 до 14 часот,
–МКЦ Скопје (кеј „Димитар Влахов“ бр. 15),
–во просторијата на НВО Центарот „Порта“ (1. кат, соба бр. 12).

[00.00] Takasi Nakajima // Сектор 909

Takasi Nakajima
(Different World / BM / Indigo Aera) – Tokyo, Japan
Local Support:
Uzun Brothers

Започнува со музичка продукција и диџејство во 1994, а во 2005 го запознава Claude Young со кој ќе го формираат live/dj дуото Different World.
Првото издание го потпишуваат со A.R.T., дискографската куќа на Kirk Degiorgio а EP-то е насловено Rapture. Потоа следуваат изданија за нео Детроит издавачката куќа Indigo Aera, KMS и Restructured.
Во последните неколку години Takasi се фокусира повеќе на соло продукција, а во 2017 започна нов проект креирајќи го неговиот лејбл BM, платформа на која главна цел е издавање музика на млади таленти.
На 23 Јуни во сабота ќе имаме повторно можност да го чуеме Takasi Nakajima, еден од оние диџеи коишто сеуште го промовираат вистинскиот детроитски техно звук.

Билети на врата – 300 ден.

Недела 24.6.2018

[12.00] Светски пикник vol.3 // Градски Парк Скопје

Не пропуштајте ја можноста на 24 јуни, да дојдете на “Светскиот пикник”, каде ќе можете да вкусите јадења од најразлични кујни од светот и да уживате во забавата организирана од Советот на странски инвеститори во Македонија.

На “Светскиот пикник” присутни ќе бидат странските инвеститори, кои ќе ја промовираат културата на својата земја преку традиционална храна, карактеристична токму за нив.

САД | Бургер и пита од јаболка
Австрија | Виенска шницла и Сахер торта
Велика Британија | Фиш енд чипс и lemon drizzle cake
Грција | Гиро и гурабии
Турција | Донер Кебаб и баклава
Италија | Пица
Швајцарија | Broennti Creme
Словенија | Крањски колбас
Франција | Бегет сендвичи
Белгија | Чоколаден мус
Геманија | Кари вурст и германски cheesecake
Холандија | Bitterballen и Stroopwafel

Покрај можноста да се запознаете со различните вкусови, ќе можете и да се забавувате со музиката на Eye Cue, а најмалите ќе уживаат во големиот број игри подготвени токму за нив.

На манифестацијата можете да купите ваучер по симболична цена, со кој добивате можност да пробате разни јадења со пијалак, а собраните средства ќе се донираат во народните кујни.